Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
По неколку интервјуа со луѓе кои ја претставуваат т.н обична Америка, по случаен избор, нема човек кој би ги застапувал гледиштата на Трамп
Најновите удари на Трамп му ги зададоа жени, последниот е од неговата трета сопруга Меланија Трамп, работела илегално како модел додека чекала виза во САД. Ова се најлудите избори во Америка до сега
Не би се обложила дека Слободан Богоевски знае се, за сите нас. Најмногу за Груевски и Мијалкови. Но, не би се обложила ни во спротивното. И којзнае дали вистината е некаде помеѓу. Тоа е таа тенка линија, нервозна жица по која гази Богоевски, свесен дека секој чекор е рискантен трзај на жичките низ кои балансира. Тоа е всушност таа невидлива нитка низ која поминуваат, некогаш како низ пајажина, друг пат како низ непробоен зид- тајните служби, нашите императори, нашите сенки додека зборуваме, одиме наивно, се движиме несвесни, го испиваме кафето и не знаеме дека одиме во неповрат. Доколку решат, го…
Зошто имаат дилеми да коалицираат со опозицијата, зошто одат на избори кога нема услови, на оваа тема дебатираат Лилјана Поповска од ДОМ и Ана Глигорова од Левица
Ми остана врежана една, веројатно тоа беше последната реченица на излагањето, поточно одбраната- на министерката за култура, Елизабета Канчевска. Одбрана откако е осомничена за криминал, истиот ден, за што информираше обвинителката Фатиме Фетаи. Како рече Канчевска: Фетаи не се разбира од култура и не треба да работи нешто што не знае. Култура, хм, култура. Што би била допирната точка на Фетаи со културата која ја проповеда Канчевска, ако Фетаи говори исклучиво за корупција, но, да- култура на корупција, за тоа говориме. Таа култура на корупција, таа е нехајно од почеток засадена, со премислувања и грутка во стомакот, од време…
https://www.youtube.com/watch?v=VO7zURb-hf8 Лидерот на ДС Павле Трајанов во интервју за НОВА: Објаснува зошто навистина влегло СЈО во УБК, дали таа опрема чува тајни од минатото, траги за незаконското прислушување, дали може Чавков и Андонов да го спречат работењето на СЈО, и кои се идните можни чекори на ВМРО да спречи избори.
https://www.youtube.com/watch?v=MYcMy6hqnxs Проф. Стево Пендаровски во интервју за НОВА говори за неговата улога во СДСМ на изборите, кои луѓе треба да бидат на изборните листи на опозицијата, која е улогата на еврокомесарот Хан, наспроти онаа САД во разрешување на кризата.
Уште жена излезе со обвинување кон Доналд Трамп за сексуален напад, велејќи дека тој ја бакнал без нејзина согласност на неговиот имот во Флорида, јавува Си-Ен-Ен. Со ова обвинување кон Трамп, деветто по ред, Кети Хелер се приклучи на растечката листа на жени кои го обвинуваат кандидатот на Републиканската партија за сексуален напад откако снимката се појави од 2005, кога Трамп се фалел за да се биде да допира жени и да се извлече со тоа. Хелер, сега 63.годишна, изјави дека го сретнала Трамп во Мар-а-Лаго пред речиси 20 години, додека таа и нејзиното семејство биле на бранч, изјави таа за весникот…
Во 22.18 часот на грчко-македонската граница на длабочина од 33 километри е регистриран земјотрес сo јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот со многу помала јачина бил почувствуван и во Охрид, Струга и Скопје, според македонските медиуми. Страницата http://emsc.eu/ која ги регистрира земјотресите не работи повеќе од два часа.
Да, плашете се од ксенофобијата на Цветин Чилиманов, да, треба многу да сте загрижени и да, треба да се преземат остри санкции за неговиот настап на 24 вести. Во т.н дебата, Чилиманов на поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац му се обрати точно со овие зборови: Ти си бегалец од негде, што добил државјанство, Цветин Чилиманов е член на Ад-хок телото за медиуми, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ова aд-хок тело има задача да ја мониторира работата на медиумите пред и во изборниот процес. Меѓу другото, ако не и клучната негова задача е да се залага за максимата “Учиме да живееме…
Италијанскиот Нобеловец, драматургот Дарио Фо почина во 90.година од животот во Милано, јави агенцијата АНСА. Фо починал во болницата во која бил примен пред неколку дена, потврдија извори на агенцијата. Фо ја доби Нобеловата награда за книжевност во 1997 година за одбрана на достоинството на угнетуваните и критикувањето на власта, како што е наведено во образложението. Фо е познат по тоа што во повеќе од 70 театарски дела се исмејувал со политичкиот живот, општествените норми и религијата. Му беше забранет влез во САД заради политичкиот ангажман, а неколку пати е апсен и делата му биле цензурирани на италијанската телевизија
Легендарниот поет и музичар Боб Дилан е добитник на овогодинешната Нобелова награда за литература, со образложение дека “креирал нови поетски изрази во рамките на големата американска традиција за песни”. Во потесниот избор за Нобелова, според светските медиуми кои типуваа победник, беа и писателите- Кениецот Нгуги Ва Тионго, Јапонецот Харуки Мураками, американскиот писател кој често се опишува како најдобриот во моментов кој доаѓа од САД- Филип Рот и сирискиот поет Адонис. https://www.youtube.com/watch?v=cJpB_AEZf6U