Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита утрово го уапсија Милош Лучиќ, министер за човекови права и бегалци во Советот на министри на БиХ, потврдија за РТРС од Агенцијата за истрага и заштита СИПА. Лучиќ е уапсен утрово по налог на Обвинителството на БиХ во областа на Источно Сараево. Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека министерот Милош Лучиќ е осомничен за кривично дело злоупотреба на положба или овластување, поврзано со повеќе коруптивни кривични дела со кои е нанесена штета на буџетските средства на Босна и Херцеговина и прибавување противправна имотна корист за осомничениот и неговите блиски и сродни лица.…
Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани актери и кај сегашните функционери и кај минатите, објави на Твитер американската амбасадорка Анџела Агелер. Агелер појаснува дека тимот ќе ги разгледа сите можни одговори на присутната мината и сегашна корупција во земјава. „На правосудниот систем во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да покаже дека никој не е над законот“, твитна амбасадорката. Меѓународната заедница се поинтензивно ја става под лупа корупцијата во Македонија. Најпрво изборот на новиот шеф на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција кој има лични познанства со челниците на ДУИ, ја…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји. Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од…
пишува: Борјан Јовановски Денеска во Тирана треба да светне некое мало светло во тунелот на европската интеграција за Западниот Балкан. Судејќи по симболиката; одржување на ваков еден состанок на највисоко ниво првпат вон ЕУ во земја од регионот, и според декларативноста; обврзување на ЕУ во завршниот документ од Самитот за интензивирање на процесот на проширувањето, може да се каже дека Путин и неговата агресивност сепак го реанимираа комираниот процес на интеграција на земјите од регионот во ЕУ. Во нацрт заклучоците на денешниот самит во Тирана, во кој имав увид, се вели дека ЕУ се обврзува да го интензивира процесот…
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој е и поранешен градоначалник на Скопје, вели дека скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, според него, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците. „Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат…
Во Тирана освен лидерите на земјите од Западен Балкан дојдоа и Емануел Макрон, Урсула Фон дер Лејен, Олаф Шолц, Шарл Мишел, Џорџија Мелони и други државници, поради што центарот на градот е затворен за сообраќај. Наедно се одржува и протест организиран од опозициската Демократската партија и нејзиниот лидер Сали Бериша. Во градот се распоредени голем број полицајци, а на покривите на Конгресната палата може да се забележат снајперисти. Присутни се и голем број медиумски тимови од регионот и цела Европа. Бериша ќе одржува протест на опозицијата против Еди Рама, кого го обвинува за соработка со Александар Вучиќ и Отворен…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана изјави дека на овој состанок присуствува не само поради неговото пријателство со Албанија, туку и затоа што, како што рече, секогаш е подобро да се бидете на маса, кога има разговори, бидејќи кога не сте на маса, тогаш обично сте на менито, а тоа сите едвај го чекаат. „Ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија“, рече Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање со кого ќе се сретне за време на Самитот, тој ја истакна средбата со холандскиот и белгискиот премиер,…
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, учествуваше на панел-дискусија посветена на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, на која истакна дека е клучна политичка волја на Европската Унија за поинаков пристап и конкретни чекори кон Западен Балкан. „Она што е важно за политичка волја на ЕУ е таа да е проследена со конкретни чекори, но и со конкретен план за зачленување на државите од Западен Балкан. Но, мора да се спојат двете политички волји, политичката волја за проширување од страна на Европската Унија и политичката волја за реформи од страна на државите од Западен Балкан“, рече Маричиќ. Според него најважно…
Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека тој е првиот што бил излажан од „Продолжуваме со промената“, која ја обвини дека ја украла надежта на граѓаните за вистински промени. Шефот на бугарската држава ги коментираше зборовите на Асен Василев дека тој редовно се среќавал со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. „Дали редовно се среќавам со господинот Борисов? Секако дека не!“, рече Радев и додаде: „Ова не е прва лага на Асен Василев. Јас бев првиот што ме излажаа кога им верував на овие луѓе и сега ја плаќам цената за мојата лековерност“, рече претседателот на Бугарија. „Беше грешка дури и да…
Австриските власти подготвуваат закон според кој полицијата ќе може покрај возачката дозвола да им го одземе и автомобилот на возачите кои значително ја надминале дозволената брзина. „Едноставно, на нашите патишта има премногу луѓе кои не можат да бидат убедени, возачи за кои не функционираат казните и дополнителното образование. На тие лица мора да им се одземе оружјето“, рече австриската министерка за транспорт, Леоноре Гевеслер, при претставувањето на нацрт-законот. Во предлог-законот се наведува дека на возачите кои за 60 километри на час ќе ја надминат дозволената брзина во населено или за 70 км/ч надвор од населено место, автомобилот на лице место…
На самитот во Тирана се очекува декларација за намалување на цените роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан
Телекомуникациските оператори од земјите од Европската унија и Западен Балкан на утрешниот самит на ЕУ – Западен Балкан во Тирана треба да потпишат Декларација со која ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот во 2023 година. Како што најави Советот за регионална соработка (СРС), ова ќе придонесе за намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, ќе го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и ќе даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан. Откако стапи во сила регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од…
Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија. Дамева, нагласи дека како претседателка на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија. „Голем предизвик е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Судскиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив“, рече Дамева. Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде…