Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весна Дамева нов претседател на Судскиот совет, вели дека корупцијата мора да ја снема

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 5, 2022 13:38

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева, нагласи дека како претседателка на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

„Голем предизвик е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Судскиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив“, рече Дамева.

Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција.

„Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија“, изјави Дамева.

Таа, исто така, посочи дека и транспарентноста и отчетноста ќе бидат еден од нејзините приоритети, уверувајќи дека Судскиот совет од денеска е отворен за сите прашања од јавноста.

Прашана кои се тие „судско-бизнис елити” за кои зборува Црвенковска како причина за отставка, Дамева рече дека не знае на што мисли Црвенковска, но дека загрижува тоа што како претседател на Судски совет таа била должна за тоа да го извести Советот, кој има механизми за справување со тоа.

„Тоа криење, самото остава простор за сомнеж“, коментира Дамева.

Интегритетот, посочи Дамева е единствен штит против такви притисоци.

„Не е доволно само да се дознае за такви предизвици, туку и тие да се сузбијат. По враќање од боледување на Црвенковска ќе побарам да извести за таквите сознанија“, изјави Дамева.

За наводите дека е член на СДСМ, Дамева рече дека со својата досегашна работа докажала дека има интегритет и не е член на ниту една политичка партија.

Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа за и еден против.

Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, поднесе ставка од позицијата претседател на Судски совет.

Весна Дамева Корупција Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.