Author: Соња Крамарска

Премиерот Димитар Ковачевски најави денеска дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за 20 дена ќе добие нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски. Премиерот, сепак, не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту дали евентуално ќе има некаква одговорност за Димовски. Одговарајќи на прашање на новинарите дали Димовски ќе понесе некаква одговорност во врска со државјанството на Олександр Онишченко, Ковачевски рече дека не може сподели детали од затворената владина седница. „Она што е познато од седницата е дека…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во врска со препораката на Европскиот парламент (ЕП) изјави дека Белград не е заинтересиран за взаемно признавање на независноста со Приштина. „Не бев особено вознемирен од препораките на ЕП. Изгледа дека ним дека сè им оди добро, па затоа се загрижени за нашата одлука. Ние не сме заинтересирани за меѓусебно признавање со Приштина, а што се однесува до санкции против Русија, можеме сами да одлучуваме“, рече Вучиќ во Белград, по средбата со раководството на Република Српска. Тој рече дека Србија ќе продолжи да слуша што и кажува ЕП, но дека ќе носи одлуки во…

Read More

До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен, особено денес и утре вдолж Повардарието и во источните предели, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Денес во западните предели ќе има услови за повремен слаб дожд, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува слаб снег. Ова за НоваТВ го изјави метеорологот Славчо Попоски, најавувајќи промена на времето, особено од почетокот на идната седмица. „Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат…

Read More

Заклучно со вчера, кога истече рокот, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ…

Read More

Македонската амбасадорка, Агнеса Руси – Поповска во Софија денеска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи каде ќе и биде врачен остар демарш поради вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавуваат бугарските медиуми. Уште синоќа, како што пренесува новинската агенција БГНЕС, бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија (ЕК) за инцидентот во Охрид. Вчера вечер во охридската полиција беше пријавно оштетување на стаклото на бугарскиот клуб направено од огнено оружје. Полициските екипи при СВР Охрид кои излегоа на местото на настанот утврдија дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот…

Read More

Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград. Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, напиша доцна синоќа Борел на Твитер. „Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес и високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеф Борел, денес и утре ќе учествува на Седмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот што ќе се одржи во Барселона, Шпанија. На  предметниот состанок на министрите за надворешни работи од 42 земји членки на Унијата за Медитеранот, министерот Османи ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот и последователно ќе…

Read More

Сведок изјави дека менаџерот на Волмарт отворил оган врз колегите вработени собрани во просторијата за одмор во супермаркетот. Во пукањето загинаа шест лица. Вооружениот напаѓач бил мртов кога го пронашла полицијата, изјави началникот на полицијата Марк Солески. Нема јасен мотив за пукањето, во кое исто така се ранети четири лица кои се наоѓаат во болница. Пукањето, кое се случи во американската сојузна држава Вирџинија се случило кога познатиот супермаркет Волмарт бил преполн со купувачи кои пазареле за Денот на благодарноста. Очевидец на настанот која е вработена во Волмарт рече дека работниците се собрале во просторијата за одмор како што обично…

Read More

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмаер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на нашата земја. Посетата на Штајнмаер, како што се наведува на официјалната претседателска веб страница, е во функција на разгледување на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ. Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија. Официјален домаќин на посетата е претседателот Стево Пендаровски но во рамките на опсежните политички разговори на 29 и 30 ноември освен со Пендаровски, високиот гостин ќе…

Read More

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го продолжи куќниот притвор за 30 дена, за човекот кој ја нападна новинарската екипа на Телевизија 24 и се однесуваше недолично во јавноста . Во информацијата што беша испратена до медиумите се вели дека продолжувањето на куќниот притвор  за М.П. е на барање на Основното јавно обвинителство од Скопје и тоа за кривично дело „насилство“. „Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот е формиран кривично – правен предмет кој е ќе оди на понатамошно постапување, а откако ќе биде закажана главната расправа, странките ќе бидат известени“, информираат од Основниот…

Read More

Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Станува збор за возило на приватна компанија кое како што може да се види и од фотографиите, со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.

Read More

По една година од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во советот на општина Македонска Каменица. СДСМ и неколку независни советници се ново мнозинство во советот на општина Македонска Каменица. Разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски. Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на своетот е избрана Анета Стојчевска. Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата. Во партиско соопштение по повод смената во Македонска Каменица, владејачката СДСМ обвини дека „локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ една година не работат ништо, не ги реазлиризаат ветувањата…

Read More