Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Станува збор за возило на приватна компанија кое како што може да се види и од фотографиите, со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.