Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Не сме заинтересирани за взаемно признавање со Косово

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Западот во офанзива за решавање на српско-косовското прашање. Ќе успее ли убедувачката мисија на дипломатите?
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 24, 2022 12:30

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во врска со препораката на Европскиот парламент (ЕП) изјави дека Белград не е заинтересиран за взаемно признавање на независноста со Приштина.

„Не бев особено вознемирен од препораките на ЕП. Изгледа дека ним дека сè им оди добро, па затоа се загрижени за нашата одлука. Ние не сме заинтересирани за меѓусебно признавање со Приштина, а што се однесува до санкции против Русија, можеме сами да одлучуваме“, рече Вучиќ во Белград, по средбата со раководството на Република Српска.

Тој рече дека Србија ќе продолжи да слуша што и кажува ЕП, но дека ќе носи одлуки во согласност со своите интереси.

Вучиќ рече дека Европскиот парламент не донел никаква резолуција, како што се наведува во медиумите, туку препорака, но суштината е дека во текстот не се бара само воведување санкции против Русија, туку и препорака Србија да ја признае независноста на Косово.

„Па се прашувам зошто го криевте? Зошто не го информираме народот, за да знае што навистина се бара од нас? Многу потешко од тоа дали ќе воведеме санкции е тоа што од нас бараат меѓусебно признавање. Како да и е многу важно на Србија да биде признаена од Приштина, па налагаат взаемно признавање“, рече тој.

Вучиќ го цитираше азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој вчера беше во Белград, дека независноста на државата не се рефлектира само во постоењето на химната, грбот и знамето, туку и во начинот на кој се носат одлуките и дали таа го избира својот сопствен пат во меѓународната арена.

„Но, ако барањето на 79 отсто од пратениците на ЕП е да ја признаеме независноста на Косово, дури и да воведеме санкции кон Русија, тие би не потапкале по рамо и пак би донеле нова резолуција за независноста на Косово или би ни испорачале нови барања“, изјави Вучиќ.

Вучиќ, денеска изјави дека договорот за регистарски таблички е „мала тактичка победа“ за Белград и дека пред два дена Приштина имала „подобар договор отколку што постигна вчера“.

Александар Вучиќ Европски парламент признавање на Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.