Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Републиканците освоија тенко мнозинство во Претставничкиот дом, им се комплицира амбициозната агенда
Републиканците ја освоија контролата врз Домот на САД, враќајќи ја партијата на власт во Вашингтон и стекнувајќи доволно моќ да ја загрозат агендата на претседателот Џо Бајден и да поттикнат низа истраги. Но, тенкото мнозинство ќе постави предизвици за лидерите на Републиканската партија и ќе ја комплицира способноста на партијата да владее. Повеќе од една недела по денот на изборите, Републиканците го обезбедија 218-то место потребно за преземање на Домот од Демократите. Целосниот опсег на мнозинството на партијата можеби нема да биде јасен уште неколку дена – или недели – бидејќи гласовите сè уште се бројат. Тоа е многу помалку…
ЏАБИР ДЕРАЛА Суштината на промените во Законот за медиуми е поврзана со членот 102 со кој пред пет години се забрани „владино рекламирање“. Но тој ист член истовремено веднаш стана и пречка за кампањи од јавен интерес. Во јавноста, дури и меѓу добро информираните граѓанки и граѓани постојано се прави забуна околу тоа што е „владино рекламирање“ и „јавен интерес“. За жал, тоа е наследство од едно не така дамнешно минато. Кога ќе се каже „владино рекламирање“ се мисли на добро познатата „шема“ меѓу Груевски и медиумските газди. За време на груевизмот, дел од медиумскиот дигестивен тракт се полнеше со милиони евра…
Вообичаено, најинтересните натпревари на едно Светско првенство се оние во елиминациите, но СП 2022 во Катар ќе понуди многу интригантни натпревари веќе во групната фаза. Репрезентациите на Светското првенство се поделени во осум групи со по четири селекции, а оваа фаза од натпреварувањето се одвива во само 13 дена. Во седум од првите девет дена на првенството ќе има по четири натпревари кои ќе започнат во 11:00, 14:00, 15:00 и 20:00 часот по македонско време, а во следните четири дена ќе има четири повторно натпревари, но ќе започне во парови од 16:00 и 20:00 часот. Несомнено големото дерби од групната…
СОЊА КРАМАРСКА Група ванчомихајловисти од пред една недела се наоѓаат во тајна советничка мисија кај шефот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со цел да му го урнат тешко заработениот политички рејтинг. Вакво инфилтрирање на непријател во срцето на политичка партија не е видено во досегашната 31-годишна плурална историја на Македонија. Новите советници на Мицкоски го советувале да каже дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е дел од континуитетот на организација на чие чело бил и Ванчо Михајлов. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја голтнал јадицата, што е преседан за погрешно расудување и политички капацитет на еден лидер на партиската сцена. Резултатот од оваа…
Во однос на најновите показатели, годишната стапка на инфлација во октомври достигна 19,8 проценти, соопшти попладнево Народна Банка. Забрзувањето во целост се должи на порастот на цените на одредени типови прехранбени производи на домашниот пазар. Со тоа, просечната годишна инфлација во периодот јануари – октомври 2022 година изнесува 13,2 посто, што и натаму во најголем дел се должи на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. „И покрај тоа што факторите коишто придонесуваат за раст на инфлацијата претежно се увезени ценовни притисоци, тие влијаат и врз инфлациските очекувања. За ова придонесува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на…
Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на бизнисмен од Албанија, реагираа денеска од болницата. „Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба“, се вели во соопштението што го издаде оваа болничка установа. Во соопштението се додава дека „официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“ признава дека неговата партија го наследува континуитетот на Ванчо Михајлов, соработникот на фашистите и Третиот Рајх. „На дел од конгресите претседател на ВМРО е Иван Михајлов. И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник. Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал. Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ…
Новата пробна ракета „Артемис 1“ на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли наместо екипаж во мисија околу Месечината, што по 50 години од завршување на програмата „Аполо” е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината, јавија светските медиуми. Доколку сè биде во ред за време на тринеделниот пробен лет, ракетата ќе ја упати капсулата без посада во широката орбита околу Месечината, а потоа капсулата во декември ќе се врати на Земјата со контролиран пад во Тихиот Океан. По повеќе години одложување и милијарди долари дополнителни трошоци, ракетата е лансирана од вселенскиот центар…
Во седум училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена бомба, соопшти МВР. Од полицијата за МИА информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање и антитерористички проверки. „Во 9:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението на МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера во интервју за МИА прашан дали…
Поранешниот претседател на САД Трамп синоќа објави дека почнува со неговата трета претседателска кампања, со што се одлучи за предвремен почеток на трката за републиканска номинација за изборите во 2024 година. „За Америка да биде повторно голема и величествена, вечерва ја објавувам кандидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп пред стотици поддржувачи, членови на клубот и пред новинари во салата на имотот Мар-а-Лаго на Флорида. Тој стоеше покрај американски знамиња и транспаренти со слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“ – слоган со кој победи и го доби првиот претседателски мандат. „Се кандидирам затоа што верувам дека светот…
Полските власти одлучија да ја зголемат борбената готовност на некои воени единици во земјата поради инцидентот со падот на два проектили во источниот дел на земјата. Ова го соопшти портпаролот на полската влада Пјотр Милер по вонредниот состанок на Комитетот за безбедност и одбрана во врска со вонредната состојба. „Во врска со ситуацијата беше донесена одлука за зголемување на борбената готовност на некои воени единици на полска територија“, рече Милер. Според него, во експлозијата загинале двајца граѓани. Милер рече дека надлежните служби ги истражуваат околностите на инцидентот. Покрај тоа, полскиот претседател Анджеј Дуда разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг…
Шефовите на држави и влади на групата Г-20 би можеле остро да ја осудат Русија за нејзиниот напад врз Украина. Изгледа дека Г-20 ќе стави до знаење дека оваа војна не е прифатлива, вели германскиот канцелар Олаф Шолц. Во предлогот на завршната изјава, која ја објави Ројтерс, се предлага остра критика: „Мнозинството членови најостро ја осудија војната во Украина и истакнаа дека таа предизвика огромно човечко страдање и ги влоши постојните слаби точки на светската економија“, се вели во текстот, кој би требало да биде прифатен утре на состанокот на претседателите на државите и владите на 20-те најразвиени индустриски земји.…