Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАСА лансираше ракета околу Месечината, 50 години по програмата враќањето на „Аполо“  

0
By Соња Крамарска on November 16, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2022 12:19

Новата пробна ракета „Артемис 1“ на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли наместо екипаж во мисија околу Месечината, што по 50 години од завршување на програмата „Аполо” е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината, јавија светските медиуми.

Доколку сè биде во ред за време на тринеделниот пробен лет, ракетата ќе ја упати капсулата без посада во широката орбита околу Месечината, а потоа капсулата во декември ќе се врати на Земјата со контролиран пад во Тихиот Океан.

По повеќе години одложување и милијарди долари дополнителни трошоци, ракетата е лансирана од вселенскиот центар Кенеди. На неа се наоѓа капсулата „орион”.

Истекување на гориво спречи два обида за полетување, а потоа ураганите предизвикаа уште неколку одложувања.

НАСА очекуваше 15.000 посетители во вселенскиот центар Кенеди за денешното лансирање и уште илјадници луѓе на плажите и патиштата надвор од центарот, за да го видат долгоочекуваното продолжение на проектот „Аполо”, кога 12 астронаути чекореа на Месечината од 1969 до 1972 година.

Луѓе се собраа и пред центрите на НАСА во Хјустон и Хантсвил во државата Алабама за да го гледаат спектаклот на големите екрани.

Полетувањето го означува почетокот на програмата „Артемис”, наречена по митолошката сестра близначка на Аполо. НАСА планира да испрати четворица астронаути да летаат околу Месечината на следниот лет во 2024, а луѓе да чекорат таму во 2025 година.

Ракетата е долга 98 метри и е најмоќна што НАСА ја изградила некогаш.

Пробниот лет чини 4,1 милијарди долари и треба да трае околу 25 дена, исто како и кога имаше посада во капсула.

НАСА има во план да воспостави база на Месечината и да испрати астронаути на Марс до крајот на 2030-те или почетокот на 2040-те години. Но, за тоа е потребно да се преминат уште многу препреки.

НАСА последен пат испрати астронаути на Месечината во декември 1972 година, на крајот од програмата „Аполо”.

 

„Артемис 1“ НАСА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.