Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ванчомихајловисти на тајна мисија кај Мицкоски да му го урнат рејтингот

0
By Соња Крамарска on November 16, 2022 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2022 15:40

СОЊА КРАМАРСКА

 

Група ванчомихајловисти од пред една недела се наоѓаат во тајна советничка мисија кај шефот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со цел да му го урнат тешко заработениот политички рејтинг.

Вакво инфилтрирање на непријател во срцето на политичка партија не е видено во досегашната 31-годишна плурална историја на Македонија.

Новите советници на Мицкоски го советувале да каже дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е дел од континуитетот на организација на чие чело бил и Ванчо Михајлов. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја голтнал јадицата, што е преседан за погрешно расудување и политички капацитет на еден лидер на партиската сцена.

Резултатот од оваа мисија го гледаме. Предводникот на опозицијата, и кандидат за премиер, секојдневно си ја руши позицијата пред партиското членство, во јавноста, дома и во странство. Првин минатата седмица во телевизиско интервју рече дека неговата партија нема потреба да се оградува од Ванчо Михајлов, оти тој е дел од еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува. Овој проблематичен став го потврди и денес, во друго интервју.

„На дел од конгресите претседател на ВМРО е Иван Михајлов. И да, тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник. Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал. Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла. Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија“, вели во најновата изјава Мицкоски.

И да знае дека многумина нема да се согласат со начинот на кој ја водел ВМРО-ДПМНЕ. Не после децении, туку уште денес и утре. Таков лидерски гаф, таков политички фаул, таков автогол, не е виден долго време на овие простори.

Затоа и шегата на почетокот на овој напис дека му се инфилтрирале ванчимихајловистички советници со цел да му го срушат рејтингот.

Недостасуваат само уште неколку факти. Партијата на чие чело е господинот Мицкоски, бурно реагираше на отворањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола. Мислам дека дури и го нарекоа предавство на македонските национални интереси. Фрчеа партиски соопштенија ден за ден.

„Срамно, Маричиќ дозволува бугарски клубови со навредливи имиња во Македонија….“, се велеше во едно соопштение. „СДС да си расчисти во коалицијата за ликот и делото на Михајлов, под нивна власт се формирани клубовите Цар Борис и Михајлов“, викаа во друго соопштение. „Финансиерот на фашистичките клубови, главен гостин кај СДС во влада“ – трето соопштение.  „СДС дозволи формирање на клубот Цар Борис, исто како што претходно дозволи формирање на клубот Ванчо Михајлов. Владата на СДС доколку не поддржува фашизам ќе испратеше барем една протесна нота, но од тоа ни трага ни глас“, четврто соопштение.

„Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување на вредности на третиот рајх затскриени преку злоупотребата на европската ѕвезда“, довикуваше Рашела Мизрахи.

Човек навистина да помисли, слушајќи го сега Мицкоски, дека тој добива совети кои се во корист на неговата сопствена штета.

Колегата Борјан Јовановски пред неколку дена напиша дека во своите идеолошки авантури ВМРО ДПМНЕ ризикува да го изгуби своето демохристијанско тло и дека застранувањето во анахрони наративи не само што и ја одзема моќта да делува како ефикасна опозиција, туку дополнително си ги загрозува и капацитетите за преземање на власта. Целосно се согласувам.

Ванчо Михајлов континуитет Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.