Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска попладнево напиша алармантно писмо до две адреси. Првата е претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска а втората адреса е претседателот на Собранието Талат Џафери поради надлежноста на парламентот за избори на уставни судии. Во писмото Кацарска ги известува дека на 8 декември истекува мандатот на уште еден уставен судија и предупредува дека судот работи на граница на кворум. „Ве известувам дека мандатот на Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија истекува на 7 декември 2022 година. Согласно ова, исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на…
Делегациите на Северна Македонија и Албанија денес во Брисел го продолжија процесот на објаснувачки скрининг со Европската комисија, за Кластер 2 – Внатрешен пазар, односно поглавје 4 и 9 – Слободно движење на капитал и Финансиски услуги. Слободно движење на капиталот е основата на слободниот пазар на ЕУ. Европската комисија денес ги претстави новите предлози на европската легислатива во однос на борбата против перење пари и финансирање на тероризмот. Исто така беа претставени и новите предлози на законодавството на ЕУ во однос на системот за брзи плаќања кои се во функција на слободното движење на капиталот. Дрита Абдиу-Халили – Државен…
Полициските службеници спречија инцидент за време на денешниот протест поради отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кога група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон. Учесниците на протестот извикуваат „Татари“ и фрлаа со камења и јајца кон отворениот бугарски клуб. Протестот го организираше политичката партија Левица, беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ. Отворањето на клубот предизвика реакции во јавноста, а дел од граѓаните изјавија дека не се против отворањето на вакви клубови, туку против неговото име. Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по…
„Од сè што предизвикаа „Продолжуваме со промената“ најдобрата опција за нив е да бидат опозиција и јас апсолутно ги разбирам. Или не не разбраа, или се преправаат – не им предлагаме коалиција, ниту каква било форма на комуникација надвор од она што е корисно за државата“, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во коментар на утринската прес-конференција на „Продолжуваме со промената“. На прес-конференцијата Асен Василев и Кирил Петков категорично изјавија дека нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ и цврсто остануваат во опозиција.
Засега нема никакви индикации дека постои ризик или некаков проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). И поради скапата струја моментно нема најави за евентуално намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените. Напротив, како што рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, компаниите имаат потреба од нови работни места, а за овој месец се најавени и три нови инвестиции- поголем дел од постојните инвеститори, со повеќе од половината кои се во земјава подолго време, се склучени договори за нови капацитети. „Овој месец се најавени и три нови инвестиции…
Алес Бјалијатски е истакнат белоруски активист за човекови права, кој моментално се наоѓа во затвор кој му е определен без судење. 60-годишниот Бјалијатски е основач на Центарот за човекови права „Вијасна“ (Пролет) во Белорусија, кој беше формиран во 1996 година како одговор на бруталното задушување на уличните протести од страна на авторитарниот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко.
Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Хрватска со барањето да спречи увоз на руска нафта преку Јанаф покажа дека е „отворено непријателска“ кон Србија, јави српската новинска агенција Бета. „Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е небезбеден партнер, небезбеден снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва, нагласувајќи дека Србија платила за користење на тој гасовод. На прашањето дали Србија ќе мора да ја преземе сопственоста на Нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се шпекулираше, таа рече дека и…
Компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt кој се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а денес ќе вози и низ улиците во Скопје. Повеќе од 2000 граѓани имаа можност „од прва рака“ да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.
Претседателот Џо Бајден изјави дека ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво по кубанската ракетна криза во 1962 година, бидејќи руските власти зборуваат за можноста за користење тактичко нуклеарно оружје по претрпените огромни неуспеси во осуммесечната инвазија на Украина. Говорејќи на собирот за собирање средства за Комитетот за демократска сенаторска кампања, Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин е „човек што прилично добро го познавам“ и дека рускиот лидер „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје или биолошко или хемиско оружје. ” Бајден додаде: „Не се соочивме со изгледите за нуклеарен Армагедон уште од Кенеди…
Речиси 30 години Македонија сонува за ЕУ, но иако е рано да се каже дека дојдовме до последната етапа, почетокот на преговорите несомнено е еден вид финале кое сакаме побрзо да заврши. Техничките подготовки за преговарачкиот процес се во полн ек, а во заднина тивко се одвиваат и политички консултации за уставните измени за внесување на бугарското малцинство кои се главниот услов дали ќе продолжат преговорите или ќе застанат уште на самиот почеток. Скицирајќи го патот по кој ќе се движи Македонија како земја преговарач, заменик шефот на Канцеларијата на ЕУ во Скопје Џулијан Васало, ја претстави долгата и тешка…
На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, после излагањето на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој зборуваше за односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече дека две вистини треба да се прифатат во двете земји, а тоа е дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години. „Бидејќи изгледа не сме ја извлекле лекцијата дека сите несреќи на Балканот во последните 30 години произлегоа од неприфаќањето на овие две вистини. Тоа е оптоварување од двете страни на границата. И…
Украинското Министерство за надворешни работи најостро реагираша на најновните случувања околу нуклеарната централа Запорожје која се наоѓа на украинска територија, а руските сили сакаат да ја окупираат и да ја преземат под нивна надлежност. Во изјавата се вели: Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорожје. Релевантниот указ на претседателот на РФ за овој настан го сметаме за ништовен. Најостро го осудуваме ова злосторство, кое уште повеќе ги зголемува ризиците и заканите во областа на…