Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добитникот на Нобелова награда за мир Алес Бјалијатски сѐ уште е во занданите на Лукашенко

0
By Соња Крамарска on October 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 7, 2022 12:31

Алес Бјалијатски е истакнат белоруски активист за човекови права, кој моментално се наоѓа во затвор кој му е определен без судење. 60-годишниот Бјалијатски е основач на Центарот за човекови права „Вијасна“ (Пролет) во Белорусија, кој беше формиран во 1996 година како одговор на бруталното задушување на уличните протести од страна на авторитарниот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко.

„Вијасна“ обезбеди поддршка за затворените демонстранти и нивните семејства, и ја документираше употребата на тортура врз политичките затвореници од страна на белоруските власти.

„Алес го посвети својот живот на промовирање на демократијата и мирниот развој на неговата родна земја“, рече шефот на Норвешкиот Нобелов комитет, Берит Реис-Андерсен, објавувајќи ги овогодинешните три добитници на Нобелова награда.

Алес Бјалијатски и претходно помина три години во затвор откако беше осуден за даночно затајување – обвиненија кои секогаш ги негираше. Тој беше повторно приведен во 2020 година по масовните протести поради наместените избори во Белорусија кои го задржаа Лукашенко на власт.

„И покрај огромните лични тешкотии, Бјалијатски не отстапи ни педа во неговата борба за човекови права и демократија во Белорусија“, рече Комитетот за доделување на Нобелова награда.

Непосредно пред неговото апсење пред две години, Бјалијатски на својата страница на Фејсбук напиша дека белоруските власти „дејствуваат како режим на окупација“. „Стотици илјади демонстранти низ цела Белорусија, а стотици се приведени.

Лукашенко – опишан на Запад како последниот диктатор на Европа – владее со Белорусија со железна тупаница од 1994 година. Тој му дозволува на рускиот претседател Владимир Путин, неговиот близок сојузник, да ја користи територијата на Белорусија за да изврши смртоносни ракетни напади врз Украина и таму да испрати руски копнени трупи и оружја уште од првиот ден кога започна инвазијата на Москва на 24 февруари.

 

 

Алес Бјалијатски Белорусија Нобелова награда за мир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.