Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд останува уште без еден судија, Кацарска напиша алармантно писмо до Црвенковска и Џафери

0
By Соња Крамарска on October 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 7, 2022 16:27

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска попладнево напиша алармантно писмо до две адреси. Првата е претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска а втората адреса е претседателот на Собранието Талат Џафери поради надлежноста на парламентот за избори на уставни судии.

Во писмото Кацарска ги известува дека на 8 декември истекува мандатот на уште еден уставен судија и предупредува дека судот работи на граница на кворум.

„Ве известувам дека мандатот на Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија истекува на 7 декември 2022 година. Согласно ова, исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на нов судија на Уставниот суд“, вели Кацарска во двете писма кои беа доставени и до сите медиуми.

Кацарска притоа реагира и на доцнењето на избор на нови уставни судии, постапка која трае речиси година и пол поради политичките конфронтации во парламентот околу персоналните решенија.

„Без да навлегувам во надлежностите и начинот на работа на Судскиот совет, сакам да укажам на потребата од благовремено утврдување предлог за избор на нов судија. Во прилог на ова е и сегашната состојба во Судот којшто работи на граница на кворум поради неизбирањето на останатите четворица судии од страна на Собранието, на што се чека веќе 17 месеци. Следствено на ова, доколку со истекот на мандатот на судијата Маркудова, продолжи алармантната состојба во Уставниот суд, државата ќе се најде во уставна криза. Како последица на тоа, ќе нема услови за одржување на седници и Судот ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните“, пишува Кацарска во писмата.

Добрила Кацарска писмо до Црвенковска и Џафери уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.