Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинското МНР за рускиот обид за преземање на нуклеарната централа Запорожје: Указот на Путин е ништовен

0
By Соња Крамарска on October 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2022 15:51

Украинското Министерство за надворешни работи најостро реагираша на најновните случувања околу нуклеарната централа Запорожје која се наоѓа на украинска територија, а руските сили сакаат да ја окупираат и да ја преземат под нивна надлежност.

Во изјавата се вели:

Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорожје. Релевантниот указ на претседателот на РФ за овој настан го сметаме за ништовен.

Најостро го осудуваме ова злосторство, кое уште повеќе ги зголемува ризиците и заканите во областа на нуклеарната безбедност предизвикани од руската окупација на АЕЦ Запорoжјe. Ги повикуваме сите држави да се придржуваат до доследен став за обезбедување на обврзувачки политички, економски и правни последици за терористичката држава за сите нејзини злосторни и незаконски дејствија.

Им нудиме на Европската унија, земјите од Групата седум и другите партнери итно да размислат за воведување на санкции против руската државна корпорација „Росатом“, поврзаните со неа компании и институции, како и други клучни фактори на руската нуклеарна енергетска индустрија.

Ги повикуваме земјите-членки на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја ограничат соработката во рамки на какви било проекти со Русија, која прибегнува кон нескриена нуклеарна уцена на целиот свет. Сметаме на јасна позиција и проактивна улога во овие прашања од генералниот директор на МААЕ.

Ги предупредуваме граѓаните на Русија кои ќе извршуваат злосторнички наредби во врска со присвојувањето на објекти на цивилната нуклеарна инфраструктура на Украина за кривична одговорност за нивните незаконски дејствија и неповратноста на казните.

Бараме од руската страна да ја обезбеди безбедноста и недопирливоста на украинските граѓани кои продолжуваат да вршат критични функции во нуклеарната централа.

Повторно ја нагласуваме итноста за максимално мобилизирање на напорите на сите членови на светската заедница со цел да се обезбеди што побрза деокупација на нуклеарната централа Запорoжјe и нејзино враќање под контрола на Украина како единствен начин за елиминирање на сегашните закани во областа на нуклеарната безбедност.

нуклеарна централа во Запорожје Украинско МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.