Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
И покрај енергетската криза ЕУ и натаму се наоѓа високо на политичката агенда на Северна Македонија. Денес во одвоени настапи на заменикот амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало со новинарите, и вицепремиерот Бојан Маричиќ со ЕУ амбасадорите, заедно со шефот на ЕУ канцеларијата Дејвид Гир, уште еднаш е потврдена посветеноста на нашата земја за успешен старт на преговорите за членство во ЕУ и извршување на преземената обврска за внесување на бугарското малцинство во Уставот. Одлуката за промена на Уставот е суверена одлука на секоја држава, а Северна Македонија веќе се обврза пред Бугарија дека ќе ги вклучи Бугарите и други заедници…
Скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски ја назначи јавната обвинителка Искра Хаџи Василева како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје. Одлуката е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), што се одржа на 27 мај. Јавната обвинителка Хаџи Василева има надлежност да го следи постапувањето во предметите во кои во својство на оштетени, сведоци или пријавени лица се јавуваат новинари кои ги извршувале своите работни задачи.…
Денес во партиската централа во Тетово лидерот на ДУИ ќе се сретне со претставници на таканаречената „огнена група“ – Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети. Нивното незадоволсто тие го изразија во неколку наврати а е насочено кон вицепремиерот Артан Груби за кого бараат Ахмети да го смени и да не биде повеќе втор човек во Владата. Се очекува групата незадоволни да ги стават на маса нивните барања кои ги нарекуваат реформа на партијата. Формално, тие бараат да се дооформат партиските тела – централното претседателство и нaјтесното партиско раководство. Претходно тие преку писмо побараа одлуките во партијата да се носат…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи Си-Ен-Ен, обвинувајќи ја за клевета. Тој бара отштета од 475 милиони долари. Тој ја обвинува телевизиската мрежа дека води кампања за „клевета и уривање на угледот“ против него бидејќи се плаши дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година. Барањето е поднесено во Окружниот суд на САД во Флорида. „Си-Ен-Ен се обиде да го искористи своето огромно влијание за да го оцрни тужителот пред своите гледачи и читатели со цел да го порази политички“, велат адвокатите на Трамп во жалбата напишана на 29 страници, пренесе АФП. „Како дел од своите напори…
Во Владата денеска попладне ќе има средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата е закажана за 16 часот. „Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициска партија со Владата“, изјави синоќа Маја Кадиевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата и претходат бурни меѓупартиски обвинувања околу начинот на справувањето со енергетската криза, при што лидерот…
Во РЕК Битола се прави ремонт на Блок 1, соопшти утрово компанијата. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании. Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството. Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола е предвидено да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне…
Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Дејвид Гир, шефот на делегацијата на ЕУ во нашата држава. На состанокот е оценето дека скрининг процесот со ЕУ се одвива добро и е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес. Констатирано е дека напредокот на евроинтеграциите е од значење и за квалитетот на живот на граѓаните на нашата држава и за стабилноста на Европската Унија, поради што од клучно значење се сметаат фокусот, довербата и инклузивноста на сите страни, во овој процес. Разговарано е и за важноста од натамошно унапредување на…
Од 7 ноември Македонија и Албанија ги раздвојуваат своите патишта и секоја држава сама ќе се движи низ процесот на скрининг. На тој датум нашата земја го почнува таканаречениот билатерален скрининг – беше соопштено на денешниот брифинг со новинарите на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Паралелно со тоа веќе се водат разговори за персонални решенија за позициите главен правник, главен економист и главен антикорупционер, кои ќе бидат дел од преговарачкиот тим. За нас е особено важна позицијата главен антикорупционер, посочи Маричиќ, бидејќи во сите преговарачки области ќе треба да декларираме мерки против корупција. Маричиќ на брифингот навести и дека…
Поранешниот премиер Бојко Борисов однесе победа на изборите во Бугарија, но сè уште е многу нејасно дали може да формира влада. Централно-десничарската партија на Борисов ГЕРБ освои околу 25,7 отсто од гласовите на четвртите општи избори во Бугарија во 18 месеци, што значи дека тој сега ќе мора да се обиде да состави коалиција од фрагментираниот политички пејзаж. Во 48-то Народно собрание се очекува влез на шест партии и коалиции, а уште две се многу блиску до бариерата од четири отсто. Како што јави дописникот на МИА од Софија, се зголемува растојанието помеѓу ГЕРБ-СДС и „Продолжуваме со промената“. ГЕРБ-СДС би…
Поранешниот премиер Зоран Заев му ја честиташе победата на неговиот поранешен колега од Бугарија, Бојко Борисов. „Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, напиша Заев. Конзервативната партија на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на вчера одржаните парламентарни избори во…
„Борбата против корупцијата е еден од главните приоритети на амбасадата – и клучен приоритет на Белата куќа за Западен Балкан. Соединетите Држави се многу насочени во борбата против корупцијата и подобрување на напорите за владеење на правото во Северна Македонија. Ја гледаме вредноста во инвестирањето во иднината на Северна Македонија преку притисок за подобрена владина транспарентност и одговорност“, рече денеска вршителот на должност амбасадор во американската амбасада во Македонија, Ерик Мејер, во своето обраќање на завршната конференција на проектот Мониторинг на националните акции за борба против корупцијата што го спроведува Институтот за човекови права. „Но, јас не го кажувам сето…
Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, итно да закаже седница на комисијата со цел да започне процедурата за ратификација на договорите од иницијативата „Отворен Балкан“, повика денес Дарко Каевски, портпаролот и пратеник од СДСМ. Со овие договори, рече тој, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. „На овој начин ќе се отворат нови работни места, пополнувања на дефицитарните работни места во приватниот сектор во сите три држави кои се дел од Иницијативата. Завршени се сите подготовки за либерализирање на пазарот…