Поранешниот премиер Зоран Заев му ја честиташе победата на неговиот поранешен колега од Бугарија, Бојко Борисов.

„Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, напиша Заев.

Конзервативната партија на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на вчера одржаните парламентарни избори во Бугарија. Според обработените околу 99 отсто резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите, додека на новооснованата партија Продолжуваме со промени на во јуни соборениот либерален премиер Кирил Петков, доверба ѝ дале околу 20 отсто од избирачите.