Author: Соња Крамарска

Високиот функицонер на ДУИ и шеф на македонската дипломатија Бујар Османи, во улога на портпарол на „интегративците“ му испрати порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија е подготвена да го прифати неговото барање и да излезе од власта во замена за поддршка на уставните измени. „ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, напиша Османи на својот фејсбук-профил. Мицкоски по средбата со Ковачевски изјави дека било понудено ВМРО-ДПМНЕ да преземе пет министерски места, но…

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. „Буџетот што го наследив е многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите“, рече министерот. Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за МИА. На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи. По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери. Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК…

Read More

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ јасно укажал дека вртењето грб на договорот значи вртење грб на Европа, со сите последици во однос на неуспехот, на понатамошни интеграции и поблиска соработка со Европа, што, како што беше истакнато, сама по себе е сериозна последица. „Пред се, мора веднаш да ги смириме тензиите, што значи дека се надеваме дека градоначалниците нема да се обидат да ги користат тие општински згради и дека косовската полиција ќе се повлече од зградите, но и дека српските демонстранти ќе ги напуштат тие…

Read More

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, изјави дека неговиот предлог за деескалација и нормализација на ситуацијата на Косово е доставен до мисиите во Белград и Приштина, јави Ал Џезира. Тој како што посочи телевизијата рекол дека планот од девет точки не е план на ОБСЕ, бидејќи таа меѓународна организација ги носи одлуките со консензус, туку на Северна Македонија и тој како претседавач со ОБСЕ. НАТО почна да ги зајакнува мировните сили на Косово по минатонеделните немири на северот на земјата, објави Алијансата. Насилството избувна откако косовските власти назначија градоначалници етнички Албанци на раководни…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да ги поддржи уставните измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните разговори го повтори ставот дека нема да гласаат за уставни измени. Според владиното соопштение од понеделникот на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за…

Read More

Изборот на судии од страна на Судскиот Совет е блокиран поради непостоење акредитирана институција за тест за интегритет и психолошкиот тест, се бара решение за излез од ситуацијата, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Со овој проблем се блокира назначувањето на осум судии во Апелацискиот суд Скопје како и изборот на 30 судии слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Согласно законот потребно е да има акредитирана институција, која ќе ги спроведува овие тестови, но таква институција во моментов нема, а до пред застојот тестовите ги спроведувала „Виста груп“, која од 2015 година…

Read More

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека премиерот на Косово Албин Курти има рок од два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД. Тој пред новинарите во Приштина изјави дека тој и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак в петок ќе ја информираат јавноста дали има напредок или не, пренесува Репортерс. Како што рече, Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот, како и дека по Охрид нема план Б и дека договорот мора да се спроведе. Според Ескобар, доколку Курти не ги прифати трите…

Read More

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, објави СДК.мк. Денеска напладне претседателот на Советот, Сашко Георгиев, одржа тематски брифинг со новинарите за полагањето психолошки и тестови за интегритет и за надоместоците на судските службеници, но не се спомена информација дека членови поднеле оставка. По завршувањето на брифингот, од прес-службата на Судскиот совет ја потврдија информацијата која, велат, ја дознале по средбата со новинарите. Причините за оставките официјално не се познати. Двајцата беа членови на Судскиот совет помалку од една година – од 19 септември 2022, а беа избрани…

Read More

Украинската јавна телевизија Суспилне го објави најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Каховка, споделувајќи и мапа на која се гледа точно каде се наоѓа браната, како и кои градови и населби се загрозени од напливот на вода. „Поради експлозијата во хидроелектраната, околу 80 населени места се во опасност од поплави“, рече премиерот Денис Шмигал. „Досега делумно или целосно се поплавени повеќе од десет населени места“, соопштија од регионалната управа на Херсон. Во критичната зона, на десниот брег на регионот Херсон, се наоѓаат околу 24.000 лица. Локалните власти ги евакуираат жителите од потенцијалните зони на поплавување. На пладне тргна…

Read More

Главниот обвинител Иван Гешев до Собранието достави дополнителни материјали за неговото барање за одземање на имунитетот на Бојко Борисов. Тие содржат документи од претрес поврзан со аферата „Барселонагејт“. Проверува перење пари за купување куќа во Барселона. Материјалите се поврзани со предистражната постапка на градското обвинителство на Софија за случајот познат во медиумите како „Барселонагејт“, и содржат докази поврзани со предметот на истрагата. Материјалите содржат протокол за претрес и заплена на имот, одобрен со решение на градскиот суд во Софија, со кој се одземени бројни физички докази – документи и електронски уреди. Во прилог се и протокол за доброволно предавање, извештај…

Read More

Пет дена по смртоносната несреќа на три возови во Индија, во која загинаа 275 луѓе, речиси 100 тела остануваат неподигнати. Во несреќата во петокот вечерта во државата Одиша учествувале два патнички воза и стационарен товарен воз. Повеќе од 1.000 повредени се пренесени во болници на лекување. Многу семејства велат дека се уште ги бараат своите најблиски. Смртоносниот судир е најтешката железничка несреќа во Индија овој век. Во несреќата патнички воз излета од шините откако погрешно влегол во колосек покрај главната линија и се судрил со стационарен товарен воз што бил паркиран таму. Неговите вагони кои излетале од шините потоа удриле…

Read More