Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запре назначување нови судии, нема акредитирана институција за тестовите за интегритет

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 16:02

Изборот на судии од страна на Судскиот Совет е блокиран поради непостоење акредитирана институција за тест за интегритет и психолошкиот тест, се бара решение за излез од ситуацијата, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Со овој проблем се блокира назначувањето на осум судии во Апелацискиот суд Скопје како и изборот на 30 судии слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители.

Согласно законот потребно е да има акредитирана институција, која ќе ги спроведува овие тестови, но таква институција во моментов нема, а до пред застојот тестовите ги спроведувала „Виста груп“, која од 2015 година склучувала договор со Судскиот совет за таа намена. Со договор од 2015 и 2019 година како и повеќе анекси на Договорот, „Виста груп“ седум години ги тестирала судиите за интегритет и психолошкиот тест.

Во 2022 година, тогашната претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева не го потпишала Анексот на Договорот од 2019 година со „Виста груп“ за продолжување на соработката и побарала мислење од Владата. Одговорот од таму бил дека државава нема акредитирана институција за спроведување на овие тестови, што е законски услов.

Според членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа можно решение на проблемот е да се признаат тестовите, кои ги полагале слушателите на Академијата за судии и обвинители, со што би се избрале прво тие 30 судии, а потоа да се најде законско решение и за избор на останатите судии во другите судови кои треба да ги полагаат тестовите, кои се задолжителни.

Појаснувајќи ги измените во Законот за судски совет од 2019 година, претседателот на Советот Георгиев, меѓу другото рече дека за спроведување на психолошкиот тест и првиот дел од тестот за интегритет, Судскиот совет ангажира стручни лица од независна и целосно акредитирана професионална институција и дека психолошкиот тест се спроведува врз основ на меѓународно признати психолошки тестови за вршење на функцијата судија кои се применуваат во најмалку од една од земјите членки на Европската Унија.

Откако е донесен Законот за тестот за интегритет и психолошкиот тест од 2015 година тогашниот претседател на Судскиот совет Бранко Ушковски склучил договор со „Виста груп“ за спроведување на овие тестови што ги поминале сите судии. Договорот, како што информираше Георгиев, немал рок на важност и наредната година со анекс бил продолжен на две години од потпишување, односно до декември 2017 година. Со нов анекс на 1 ноември 2017 бил продолжен на уште една година исто како и на 9 ноември 2018 година на уште една година. Веќе во 2019 година бил потпишан нов договор на една година, а во 2020 на 24 декември бил продолжен на две години од потпишувањето на договорот. На 16 декември 2021 од страна на тогашната претседателка Павлина Црвенковска договорот бил продолжен на три години, односно до 2022 година.

Во 2022 во декември, како што појасни претседателот на судскиот совет Сашко Георгиев бил подготвен нов анекс од страна на тогашната претседателка на Советот Весна Дамева но тој не бил потпишан. Дамева во јануари, февруари и март побарала мислење од Владата, од каде од вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска добиле информација дека во државава не постои акредитирана институција која може да го спроведе тоа тестирање.

Георгиев информираше дека откако е претседател на Судскиот совет добил одговор од генералниот секретаријат на Владата во врска со спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет, во кој се наведува дека министерот за правда Кренар Лога ги информирал членовите на Владата дека е надминат проблемот со тоа што тестовите ќе се спроведуваат во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители. Според него, се уште е нејасна состојбата поради тоа што, според одговорот од Владата, тие не бараат простории за тестирање, а тестовите во Академијата кои биле понудени се само за кандидатите за судии и јавни обвинители.

На брифингот со новинарите Георгиев меѓу другото информираше дека денеска имал средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ кои побарале исплата на додатоци за судските служби кои од минатиот месец не се исплаќаат поради исплатата на 78 проценти повисоки примања за судиите. Георгиев очекува надминување на проблемот со ребаланс на буџетот бидејќи, како што рече и со ова покачување за судиите, Советот ќе има средства за плати само до октомври оваа година.

запре назначувањето на нови судии Сашко Георгиев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.