Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина пред невидена апокалипса, цели населби исчезнуваат под вода, време за спас се помалку

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 14:10

Украинската јавна телевизија Суспилне го објави најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Каховка, споделувајќи и мапа на која се гледа точно каде се наоѓа браната, како и кои градови и населби се загрозени од напливот на вода.

„Поради експлозијата во хидроелектраната, околу 80 населени места се во опасност од поплави“, рече премиерот Денис Шмигал.

„Досега делумно или целосно се поплавени повеќе од десет населени места“, соопштија од регионалната управа на Херсон.

Во критичната зона, на десниот брег на регионот Херсон, се наоѓаат околу 24.000 лица.

Локалните власти ги евакуираат жителите од потенцијалните зони на поплавување. На пладне тргна возот за евакуација од Херсон за Миколаев.

Украинските власти ги повикаа жителите кои живеат низводно да ја напуштат областа.

Регионалниот шеф на Херсон, Олександр Прокудин, предупреди дека за неколку часа нивото на водата во реката Дњепар ќе биде „критично“.

„Почна евакуацијата во опасната зона. Ве молиме направете се што можете за да го спасите вашиот живот. Веднаш напуштете ги опасните подрачја“, порача тој и ги повика граѓаните да земат документи и најпотребни работи и да ги чекаат автобусите.

Во населбата Нова Каховка е прогласена вонредна состојба поради нападот врз браната, која продолжува да се урива и неконтролирано испушта вода низводно, изјави градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев, на ТВ Канал 1.

Тој појасни дека украинските сили продолжуваат да ја гранатираат областа и дека значителен број проектили ги погодиле бреговите на Днепар.

„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот се уште е цел на гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега за да се избегнат жртви“, изјави Леонтиев за ТВ „Русија-24“ .

Да потсетиме, рано утринава беше уништена браната Каховка, а Русија и Украина меѓусебно се обвинија за минирање на клучната брана.

извор: МИА

брана Каховка евакуација на население Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.