Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година е продадена за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман”, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал”. Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации лоцирана на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина. Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија,…
Министерството за надворешни работи на Украина излезе со коментар во врска со лажните „референдуми“ на Русија на привремено окупираните територии на Украина: Од 23 до 27 септември, Руската Федерација организираше пропагандно шоу наречено „референдуми“ на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област на Украина. Присилувањето на луѓето на овие територии да пополнат некои документи под нишан на руските војници е уште едно руско злосторство во текот на нејзината агресија против Украина. Ваквите дејствија сериозно ги кршат Уставот и законите на Украина, како и нормите на меѓународното право и меѓународните обврски на Русија. Оваа изведба нема ништо заедничко со…
Ковачевски: Обезбедена е стабилна испорака на струја за целата држава, како и парно греење за Скопје
Вечерва премиерот Димитар Ковачевски одржа вонредна прес-конференција на која информираше за одлуките на Економско- енергетскиот совет кој имаше седница. Тој ја отвори прес-конференцијата со оценка дека Владата обезбедила стабилно снабдување со енергенси за наредниот период. Ќе има и парно греење за граѓаните на Скопје. „Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите“, рече Ковачевски…
https://youtu.be/jOUT4EF7Lk0
Во време на голема економска и енергетска криза која станува се понеизвесна и подлабока поради актуелните случувања во светот, а пред се поради војната во Украина, што сериозно се одразува и на стопанството во Македонија, постојат компании кои храбро се носат со предизвиците. Таков пример е фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК во ТИРЗ Струга, која не застанува со инвестициските вложувања во опрема, технологија и кадар. Во месец август ОДВ ЕЛЕКТРИК инвестираше во фото-напонска централа со максимална инсталирана моќност од 400 kWp. „Целта е да се ублажат ефектите од ценовниот шок на пазарот на електрична енергија“, велат од компанијата. Компанијата останува фокусирана…
Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми. Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а дополнително ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар Симона Угриновска. Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво…
Владата повика на придонес кон идејата Западен Балкан да стане Отворен Балкан. Иницијативата „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес и на својот почеток беше именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“. „Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра. „Отворен Балкан“ не е алтернатива на ЕУ. „Отворен Балкан“ значи побрзо и подготвено…
Спасувачките екипи се уште трагаат по возачот кој вчера со автомобилот излета од мостот кај Желино и падна во водите на Вардар. Од МВР се уште не знаат по колку лица се трага, дали покрај возачот во автомобилот имало и други патници. Потрагата ја отежнуваат надојдените и заматени води на Вардар. Голфот 4 со кумановски регистерски таблички вчера со помош на механизација беше извлечен од Вардар неколку часа по несреќата. Потрагата по возачот и евентуални патници ќе трае до крајот на денот, но и следните денови. Информациите дека зад воланот седело 22 годишно момче од Куманово, според полицијата засега се…
Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков, соопшти кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска . Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски. Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните шест месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со…
На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов нагласил дека за струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги. „Покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има. Струмица нема да биде како Прилеп и други општини кои за 60 проценти ги покачија сметките за собирање смет. Граѓаните да бидат спокојни, јас, општина Струмица и општинските јавни претпријатија знаеме како да менаџираме и во услови на криза“, рекол Костадинов. Тој дополнил и дека е сега време кога општината мора да застане на страната на граѓаните. „Нема да има покачени цени, ниту пак намален обем на работа.…
Судот во Шпанија вчера одобри судење на колумбиската поп пејачка Шакира под обвинение за даночна измама. Шпанското обвинителство ја обвини пејачката во 2018 година дека не платила данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Обвинителството бара осумгодишна затворска казна и висока парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночно затајување. Шакира (45) во неколку наврати негираше дека сторила нешто лошо и го отфрли договорот што и го понудија властите за да избегне судење. Нејзината фирма за односи со јавноста соопшти дека таа веќе го платила сето она што го должи и дополнителни 3 милиони евра камата. Судот…
Ниту еден друг американски амбасадор не бил чекан со толкаво нетрпение како новоименуваната амбасадорка Анџела Агелер. За тоа придонесе нејзината најава дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери. Што да се одговори на тоа освен Very nice и со очекување на крајот на нејзината мисија да ѝ кажеме и Good job! Политичките и медиумски кругови, а особено граѓаните на оваа земја, повторното доаѓање во Македонија го сметаат за пресвртна точка во борбата против корупцијата. Што е пак, добар повод да констатираме дека повторно очекуваме друг да нѝ ги решава внатрешните проблеми. Корупцијата, се разбира, не е е…