Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Поп пејачката Шакира се соочува со затвор од 8 години за даночна измама

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2022 12:02

Судот во Шпанија вчера одобри судење на колумбиската поп пејачка Шакира под обвинение за даночна измама.

Шпанското обвинителство ја обвини пејачката во 2018 година дека не платила данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Обвинителството бара осумгодишна затворска казна и висока парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночно затајување.

Шакира (45) во неколку наврати негираше дека сторила нешто лошо и го отфрли договорот што и го понудија властите за да избегне судење. Нејзината фирма за односи со јавноста соопшти дека таа веќе го платила сето она што го должи и дополнителни 3 милиони евра камата.

Судот со седиште во градот Есплугес де Лобрегат во близина на Барселона соопшти дека Шакира ќе се соочи со шест обвиненија за даночна измама. Датумот на судењето допрва треба да биде одреден.

Обвинителите во Барселона тврдат дека добитничката на Греми поминала повеќе од половина од тој период во Шпанија и требало да плати данок во земјата, иако нејзината официјална резиденција била на Бахамите.

Шакира, чие полно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, е поврзана со Шпанија откако почна да се забавува со фудбалерот Жерар Пике. Парот, кој има две деца, порано живееше заедно во Барселона, но неодамна стави крај на 11-годишната врска.

Шпанија во изминатата деценија ги судеше и фудбалските ѕвезди како Лионел Меси и Кристијано Роналдо затоа што не го платиле целосниот данок. Тие беа прогласени за виновни за затајување, но и двајцата избегнаа затворска казна благодарение на одредбата која му дозволува на судијата да се откаже од казни под две години за оние кои првпат ќе ги прекршат. (Асошиетед Прес)

даночна измама судење Шакира Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.