Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата повикува на придонес кон идејата Западен Балкан да стане Отворен Балкан

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2022 20:26

Владата повика на придонес кон идејата Западен Балкан да стане Отворен Балкан. Иницијативата „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес и на својот почеток беше именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“.

„Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите.

Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра.

„Отворен Балкан“ не е алтернатива на ЕУ. „Отворен Балкан“ значи побрзо и подготвено до ЕУ – велат од Владата.

Сите останати земји од регионот, како што се наведува, имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат.

„Повикуваме на придонес кон големата идеја Западен Балкан да стане „Отворен Балкан“ кој носи конкретни придобивки за сите наши граѓани, да направиме да стане важен, реален дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар“, се вели во повикот.

„Ги потпишавме Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. Со овие договори им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји“, велат од Владата.

Веќе се спроведува и Договорот за соработка во ветеринарната, фитосанитарната област и во безбедноста на храната, со што нема повеќе чекање на граничните премини, односно ако стоката тргне од Саранда во Албанија и преку Северна Македонија треба да оди во Суботица во Србија, трите држави си ги признаваат лабораториските анализи, се врши усогласување на документите за артиклите од животинско и растително потекло и нема веќе потреба од вообичаените чекања со часови по границите.

„Отворен Балкан“ води кон бришење на границите како административни бариери и ги овозможува четирите европски слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.

Следува, во туризмот, да се интензивира соработката меѓу агенциите за туризам од трите држави за да утврдат заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира „Отворен Балкан“ како атрактивна дестинација.

Се развиваат идеи и проекти за регионален вински туризам преку поуспешно претставување на светските саеми за вино и соработка за унапредување на индустријата.

Државите од „Отворен Балкан“ работат и на основање заеднички филмски фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји.

Трите влади се обврзаа и дека ќе се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани. Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно-истражувачки хабови.(Р.Н.)

Влада отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.