Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Како резултат на Отворен Балкан меѓу Србија и Македонија трговската размена пораснала од 12,5 на 29 проценти, а меѓу двете земји сега сообраќаат помеѓу седум и осум илјади камиони, објави на денешната прес-конференција претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Анализирајќи ја кризата во енергетиката тој рече дека состојбите би биле подобри доколку постои гасна конекција меѓу двете држави. Македонскиот премиер Ковачевски дополни дека гасната конекција би се воспоставила првин со Грција преку преминот Евзони и Неготино каде треба да се надоврзе потоа и Србија. Вучиќ уште еднаш ја потенцираше важноста на соработката во кризата што доаѓа. Тоа што го има Србија,…
Во рамки на денешниот самит на Отворен Балкан, премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од регионот, одржаа прес-конференција, на која што испратија порака дека како држави и како влади заеднички ќе се справуваат со кризата за храна и енергенси во претстојниот зимски период. „Зимата која доаѓа ќе е долга и ќе биде најтешка после Втора светска војна, како за нас така и за целиот свет и подобро да ја пребродиме заеднички отколку сами. Соработуваме тесно за да обезбедиме достапност на храна и договоривме прво меѓу себе да си помогнеме, доколку се соочиме со недостиг на домашните пазари, како последица од…
Со договорите кои ќе ги потпишеме денеска, ќе се обврземе за достапност на храна до нашите граѓани, прво меѓу себе да си помогнеме секаде каде е потребно. Добро е што на овој Самит одговараме за можностите за соработка и во областа на енергетиката. Постојат потенцијали за развој во рехабилитирање на интерконекциските врски за зголемување на можностите за електроенергетска размена и за соработка во делот на изградба на фотонапонски централи, рече Ковачевски на денешниот самит на Отворен Балкан што се одржува во Белград. Македонскиот премиер подвлече дека во наредниот период треба да се интензивираат активностите за реализација на гасната интерконекција со Република Србија.…
Започна Самитот на Отворен Балкан кој се одржува во Белград. Справувањето со енергетската криза, снабдувањето со храна и подобрувањето на регионалната соработка и инвестициската околина се денешните важни теми за разговор. Главни учесници на самитот се македонскиот премиер Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Учесник на самитот е и старо-новата премиерка на Србија, сега во улога на мандатар Ана Брнабиќ. Самитот се одржува во проширен состав со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, и со шефовите на дипломатиите на Турција, Унгарија и Босна и Херцеговина.
Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на лидерскиот самит на Отворен Балкан. https://www.youtube.com/watch?v=yKYK4T1ABkg
Србија и Северна Македонија имаат многу допирни точки за заеднички да работат и заеднички да разменат искуства на патот кон ЕУ, поради што двете држави за таа цел ќе потпишат меморандум за соработка за евроинтеграции, договорија на денешната средба во Белград во рамки на Отворен Балкан, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. Маричиќ по средбата изјави дека со задоволство се прифаќа идејата да се направи меморандум за соработка и тој да се надгради во контекст на новата методологија и кога Северна Македонија ги започна преговорите, што ќе биде корисно и за двете држави, оти…
Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ денеска се претстави со свој штанд на саемот за вино и храна насловен како „Винска визија на Отворен Балкан“, што се одржува во Белград. Неговите вина со едноставна налепница „Ѓоковиќ“ предизвикаа големо внимание кај посетителите. Лидерите на Западен Балкан Ковачевски, Вучиќ и Рама, го посетија неговиот штанд и ги дегустираа вината на тенискиот првак.
Во рамки на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој во следните четири дена се одржува во Белград под покровителство на Северна Македонија, Србија и Албанија, македонските компании за храна и вино ги презентираат своите производи и традиции. Премиерот Ковачевски денеска на официјалното отворање на Саемот ги посети штандовите на македонските компании производители на вино и храна, каде што компаниите го информираа за своите производи, технологии на производство, состојбата со пласманот и извозот. Компаниите посочија дека овој Саем ќе им овозможи проширување на деловната соработка, поголем пласман и извоз на производите, што крајно…
https://youtu.be/yy71Sifdcfw
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“ се осврна на важноста на Отворен Балкан и меѓусебната соработка на земјите од регионот. Тој подвлече дека иницијативи како Отворен Балкан, кои имаат реални придобивки како што е првиот меѓународен саем на храна, вино и туризам во Белград е исклучителна можност да воспоставиме нова динамика во нашата регионална соработка и да обезбедиме економски просперитет и подобро утре на нашите граѓани. „Северна Македонија, но и регионот традиционално е поднебје каде има добра храна и вино. Важно е тоа да го покажеме и да работиме на унапредување на севкупните капацитети. Учеството на Северна…
Од денеска во следните 4 дена во рамките на Самитот Отворен Балкан во Белград се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, каде покровители се Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија. Саемот ќе го отворат лидерите на Отворен Балкан, премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ. На Саемот ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Северна Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници…
Од денес – 1 септември во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино и храна во рамки на Отворен Балкан, а покровители се трите држави кои се дел од оваа иницијатива: Северна Македонија, Србија и Албанија. Саемот е насловен „Винската визија на Отворен Балкан и на него ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји. Од земјава ќе има 42 винарници и три дестилерии кои на посетителите ќе им презентираат над 300 различни типови македонски вина и ракии. На двете манифестации свое обраќање и учество ќе има и премиерот Димитар Ковачевски. „Во рамки на саемот ќе има дегустација на…