Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград ќе му помага на Скопје во преговорите со ЕУ, средба на Маричиќ и Јоксимовиќ

0
By Соња Крамарска on September 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2022 20:45

Србија и Северна Македонија имаат многу допирни точки за заеднички да работат и заеднички да разменат искуства на патот кон ЕУ, поради што двете држави за таа цел ќе потпишат меморандум за соработка за евроинтеграции, договорија на денешната средба во Белград во рамки на Отворен Балкан, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Маричиќ по средбата изјави дека со задоволство се прифаќа идејата да се направи меморандум за соработка и тој да се надгради во контекст на новата методологија и кога Северна Македонија ги започна преговорите, што ќе биде корисно и за двете држави, оти ако работиме заедно ќе можеме да напредуваме побрзо и да имаме подобри резултати за нашите граѓани.

„Северна Македонија и Србија покажаа многу во реформите и решавањето на тешките прашања, и сметаме дека се покажавме како кредибилен партнер на Европската унија и покажавме солидарност со ЕУ“, изјави Маричиќ по средбата.
Тоа, како што посочи вицепремиерот, ни дава право да побараме да бидеме вклучени во решавањето на сегашните и идните кризи поврзани со енергетското снабдување, со снабдувањето со храна и струја.
„Сето ова се прашања кои се поврзани со опстојувањето на нашите граѓани во овој тежок период што ни престои. Бидејќи се покажавме како кредибилен партнер на ЕУ и очекуваме од неа да не вклучи во идните планови за решавање на овие проблеми за државите членки на Унијата“, додаде Маричиќ.
Српската министерка Јадранка Јоксимовиќ им честиташе на Северна Македонија и Албанија за отворањето на преговорите за членство во ЕУ, и посочи дека Србија „земајќи предвид какви политички барања имала кои го одолжиле нејзиниот пат, го разбира тешкиот пат што го измина Северна Македонија и низ што поминува за да ја постигне целта.”

„Ние разговаравме и за бројни проекти финасирани од ЕУ во рамки на Европскиот инвестициски план за Западен Балкан, за гасниот интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, што во овој момент е од исклучително значење за граѓаните и кои се предизвиците пред нас“, изјави Јоксимовиќ.

Белград му нуди на Скопје помош во преговарачкиот процес со ЕУ и утре во рамки на политичкиот дел од Отвoрен Балкан ќе се одржат важни дискусии кои ќе се однесуваат на европските проекти, вклучително и на гасниот интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, но и енергетските прашања и снабдувањето со храна. (Р.Н.)

Белград Бојан Маричиќ Евроинтеграции отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.