Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ денеска се претстави со свој штанд на саемот за вино и храна насловен како „Винска визија на Отворен Балкан“, што се одржува во Белград. Неговите вина со едноставна налепница „Ѓоковиќ“ предизвикаа големо внимание кај посетителите. Лидерите на Западен Балкан Ковачевски, Вучиќ и Рама, го посетија неговиот штанд и ги дегустираа вината на тенискиот првак.