Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката рече дека за првпат земал боледување во 35 години работење, но го земал поради притисоци кои што ги имал минатата недела, пред разрешувањето. „Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Уредно беа поканети сите, но единствено министерот за здравство не дојде, сметајќи дека нешто подоцна е дадена поканата за него, а порано за премиерот. Јас не можев да се мешам, тоа е Влада и они решаваат меѓусебе, а…
Нашата цел е да се залагаме што побрзо да влеземе во ЕУ, вели заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој одговараше на новинарско прашање, како го оценува оптимизмот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека за три до четири години нашата земја ќе влезе во ЕУ. „Ние ги започнавме преговорите минатата година, тие во просек траат четири до пет години. Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро,…
Уништувањето на браната ‘Нова Каховка’ во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Уништувањето на браната ‘Каховка’ денеска става во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина“, напиша Столтенберг на Твитер. „Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“, додаде тој. Висок украински безбедносен функционер изјави дека уништувањето на браната е нова фаза на руската агресија. Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија…
„Вистината е дека Украина, украинскиот народ секогаш биле проевропски. Секогаш сме се сметале како дел, интегрален органски дел на европското семејство. Нашата цел секогаш била да станеме членка на Европската Унија. Моментално, поддршката кај украинскиот народ, поддршката за пристапување во НАТО и Европската Унија е исклучителна висока. Според некои проценки, таа изнесува повеќе од 90 отсто за влез во НАТО и Европската Унија. Јас би рекол тоа е нешто невидено“, изјави Олександр Мережко, пратеник во Врховна Рада на Украина во интервју за „Цивил медиа“. Тој додаде дека војната само ја засили поддршката на народот и ја направи уште повисока, а…
Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград е отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград, „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на брегот на Охридското Езеро – Свети Наум, Пештани, Трпејца, Заливот на Коските, Охрид, Вевчани и Радожда, јави дописникот на МИА од Белград. Изложените фотографии – меѓу кои „Спирален сон“, „Смирување на денот“, „Патување“, „На покривот на светот“, „Галичица“, „Патот на црниот сон“, „Билјана“, „Немир“, „Бакнеж“, „Пристаниште“, „Дома“, „Ќе те следам“…,…
Нема политика во разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Сашко Јовев, за секој директор ќе има санкции, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, по вчерашното ненадејно разрешување на кардиохирургот кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Разрешувањето предизвика бурни реакции и негодување во јавноста со прозивки до премиерот Ковачевски да го разреши министерот за здравство поради едностраниот потег. Меџити на денешниот настан на Клиниката за ендокринологија рече дека повеќе детали новинарите ќе добијат на брифинг подоцна попладне. Д-р Јовев закажа прес-конференција во 12 часот. Министерот за здравство вчера рече дека нема…
Објавена е пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во која на 8 септември 2021 година изгореа 14 луѓе, а десетици беа повредени. Обвинети во овој случај беа поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми, одговорниот за ковид центарот, Бобан Вучевски и тетовската болница како правено субјект. Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за дела против општата сигурност. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Осудени се на казна затвор од 1 година и…
На лидерската средба што во среда во 11 часот ќе се оддржи во Клубот на пратеници ќе се сретнат на тет-а-тет средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Форматот на средбата го избрале ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Ковачевски во изјава за новинарите по увидот на делницата Неготино – Демир Капија. Тој рече дека во поканата која ја испратиле до ВМРО-ДПМНЕ јасно било ставено тие да изберат во кој формат ќе се одржи средбата. „Во зависност од тоа дали имаат доверба меѓу себе па смеат да зборуваат еден пред друг, или сакаат да одат сами на средба јас…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува неполни месец дена пред формалното преземање на претседавањето од страна на Северна Македонија, на 1 јули. По пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Северна Македонија – Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои колеги, земји-членки на иницијативата. Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на министерскиот ЕУ состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), имаше средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. На средбата беше разговарано за статусот на регионалните договори во рамки на Берлински процес, нивната имплементација и следните активности на Советот за регионална соработка, за кои Маричиќ рече дека се „позитивен чекор кон подготовката на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ“. Маричиќ кој е главен преговарач со ЕУ додаде дека регионалната соработка е составен дел од европската интеграција и клучна во достигнувањето на членството…
Најавената лидерска средба помеѓу претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи в среда во Клубот на пратеници. Иако пред нецела седмица премиерот спомена дека освен лидерите на средбата би присуствувале и неговиот и тимот на опозицискиот лидер, сепак, во владиното соопштение во кое се информира за средбата, се наведува оти таа ќе се одржи помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата, како што соопштија од Владата, лидерот на власта и опозицијата ќе ги соочат своите ставови во врска со одлуките кои треба да се донесат…
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д. „Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување“, изјави Груби, одговарајќи на новинарски…