Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово: Докторот ослободен, директорите со условна казна

0
By Соња Крамарска on June 5, 2023 ВЕСТИ
Од модуларната болница останаа само „скелетот“ да сведочи за ужасната несреќа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 12:49

Објавена е пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во која на 8 септември 2021 година изгореа 14 луѓе, а десетици беа повредени.

Обвинети во овој случај беа поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми, одговорниот за ковид центарот, Бобан Вучевски и тетовската болница како правено субјект.

Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за дела против општата сигурност. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент.

Осудени се на казна затвор од 1 година и 6 месеци, но казната е условна, нема да одат во затвор ако во период од три години не сторат ново кривично дело. Осудени се и да платат парична казна од 4 000 денари.

Дежурниот доктор Бобан Вучевски кој беше обвинет за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ е ослободен од обвинение.

Тетовската болница треба да плати отштета од милион денари.

„Обвинетите, не поставиле пропишани уреди за заштита од пожар и со тоа предизвикале опасност за животот и телото за луѓето и пациентите болни со Ковид-19. Тие не постапиле според мерките и активностите од договорот за заем со Светска банка. Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница па се до настанување на пожарот немале соодветни уреди за заштита од пожар“, рече судијата во дел од образложението на пресудата.

ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, пак, е обвинета за загрозување на општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Семејствата на загинатите пациенти Судот ги упати да бараат отштета преку граѓанска судска постапка.

За овој случај помагаа и експерти од Германија, а досега беше утврдено дека причина за пожарот е краток спој на продолжен кабел.

Во текот на судењето сведочеа родителите на 21- годишната пациентка зад чиј кревет избувнал пожарот. Татко и се обидел да го изгасне со влажно ќебе, но истиот се ширел многу брзо, по што едвај успеале да излезат од објектот. Тој немал дозвола да биде во болницата, но поради дијагнозата на нивната ќерка, церебрална парализа, секогаш морало да има некој покрај неа. Таткото рече дека предходните денови во ходникот забележал ПП апарат, но за кобната вечер не беше сигурен дали имало таков апарат.

Сведоците рекоа дека на влезната врата немало портир и вратата била отклучена поради што секој можел слободно да влезе иако импровизираната болница беше поставена за згрижување на ковид пациенти а болеста е високо заразна.

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница почна лани, на 7 декември.

 

пожар во модуларната болница во Тетово пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.