Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинскиот пратеник Мережко: Украинците отсекогаш биле за НАТО и ЕУ, но поддршката за интеграциите сега е огромна

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 11:49

„Вистината е дека Украина, украинскиот народ секогаш биле проевропски. Секогаш сме се
сметале како дел, интегрален органски дел на европското семејство. Нашата цел секогаш била
да станеме членка на Европската Унија. Моментално, поддршката кај украинскиот народ,
поддршката за пристапување во НАТО и Европската Унија е исклучителна висока. Според
некои проценки, таа изнесува повеќе од 90 отсто за влез во НАТО и Европската Унија. Јас би
рекол тоа е нешто невидено“, изјави Олександр Мережко, пратеник во Врховна Рада на
Украина во интервју за „Цивил медиа“.

Тој додаде дека војната само ја засили поддршката на народот и ја направи уште повисока, а
како што вели Мережко евроатлантската интеграција на Украина е содржана и во Уставот на
државата, што е знак на огромна поддршка на овие процеси.

„Очекуваме да започнеме преговори со Европската Унија за нашето членство оваа година,
можеби до крајот на годинава. Пред тоа, ни беа понудени седум барања, седум препораки за
тоа што треба Украина да направи за да почне преговори. Ние, како пратеници,
спроведовме сé што се бараше од нас. Ја усвоивме потребната законска регулатива“, изјави
Мережко.

Украинскиот пратеник рече дека сега се во процес на консултации со Венецијанската комисија,
која испорача препораки, но е оптимист дека нивниот дел од работата е завршен.

„Нашето членство во ЕУ не е само прашање на престиж или економски развој, туку прашање
на нашата безбедност. Затоа што со тоа што ќе бидеме членка на Европската унија, ќе имаме
повеќе поддршка, повеќе солидарност од другите членки на Европската унија. А јас сум
сигурен дека ова ќе има застрашувачки ефект врз Русија, затоа што Путин, тој е диктатор, се
плаши од солидарноста помеѓу демократските европски земји“, изјави Мережко.

ЕУ интервју Олександр Мережко ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.