Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев денес на вонредна средба во Стопанската комора ќе го дискутираат најновиот развој околу цената на електричната енергија. Причина за итноста е што цената на електричната енергија на одделни берзи достигна 500 евра за мегават час, поради што енергетското друштво ќе бара повеќе владини интервенции. Како што утринава е соопштено, Македонската енергетска асоцијација веќе има изготвено предлози кои ги таргетираат компаниите и бизнисот. Дел од мерките што ќе бидат предложени на состанокот се зголемување на домашното производство на електрична енергија, активирање на уредбата од времето на кризната состојба…
Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски. „Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Во случај на појава на невреме, препорачуваме крајна претпазливост“, вели тој. Попоски прогнозира и дека во деновите по четврток…
Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Штефан Шуман добија условни казни поради настаните пред Собранието каде имаше инциденти. Судијката изјави дека секој мора да одговара за тоа што го направил. „Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело, за што им изрекува алтернативна мерка, условна осуда. На сите обвинети им одредува казна затвор од две години, и определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не сторат ново кривично дело“, објави судијката Славица Андреевска. Според обвинението, тие ја оштетиле собраниската зграда и…
Премиерот во оставка Кирил Петков во петок навечер ќе се прости од Советот на министри и функцијата на која беше седум месеци, пишува бугарски 24 Часа. Весникот додава дека информацијата ја добиле откако им стигнала веста дека вработените во администрацијата со електронска порака биле поканети од Петков на проштална забава. Прошталната забава ќе се одржи в петок на 29 јули во 17 часот, пренесува 24 Часа. Притоа се додава и дека в петок треба да стане јасно дали партијата на Кирил Петков и Асен Василев ќе се обиде да формира нова влада со мандатот чиј носител е Бугарската Социјалистичка партија. Денеска…
Најавата на рускиот гасен гигант Газпром дека оваа недела дополнително ќе ја намали испораката на гас во Европа е политички мотивирана, изјави денеска шефот на енергетската политика на Европската унија, Кадри Симсон. Таа ги оспори наводите на рускиот гасен холдинг дека поради редовно одржување мора да ја прекине работата на друга турбина на гасоводот Северни Тек 1, со што ќе се намали протокот на гас преку тој гасовод до Германија. „Знаеме дека нема техничка причина за тоа. Ова е политички мотивиран чекор и мораме да бидеме подготвени за тоа. Токму поради оваа причина, превентивното намалување на потрошувачката на гас е…
Делегација на Владата, предводена од вицепремиерот Бојан Маричиќ во придружба на министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, денеска по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот. Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови. Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов…
„Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во интервју за „Еуроактив“ го критикува односот на македонската опозиција кон францускиот предлог и процесот на приближување на земјата кон ЕУ. Според него, постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, но неговата проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата. Запрашан дали гледа ризик од натамошни пречки на патот, Вархеји вели дека целта е да…
„И честитам на Владата за историскиот момент на 19 јули, кој сите не прави радосни. Ние како португалско претседателство вложивме напори да се дојде до овој момент, и со елементи од нашиот португалски предлог дојдовме до овој историски момент“, рече денес во Скопје шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо, кој првпат се наоѓа во посета на Македонија, а како што дополни неговиот домаќин министерот за надворешни работи Бујар Османи, посетата на Кравињо е и прва посета на европски претставник по почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. „Знаеме дека одлуките не беа лесни, честитки за лидерството на…
Пол Сорвино, најпознат по улогaта на Пол Цицеро во гангстерскиот еп на Мартин Скорсезе – „Добри момци“ (Goodfellas), почина на 83-годишна возраст, соопшти во понеделникот портпаролот на актерот. Сорвино, исто така познат по улогата на полицискиот наредник Фил Серета во ТВ-сериjaта „Закон и ред“ (Law and Order) од 1990-тите, работеше во филмот и телевизијата повеќе од 50 години. Тој одлично глумеше и гангстер и полицаец. „Господин Сорино почина во клиниката Мајо во Џексонвил, Флорида,“ изјави портпаролот. Смртта на актерот ја потврди и неговата сопруга Ди Ди. „Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта…
Денеска според православниот календар се слави Свети Владимир, верски празник посветен на големиот руски кнез. Приказната според која е означен денешниот ден датира од руската историја, а меѓу православните верници е раскажана вака: На крштевањето тој бил наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше „незнабожец“, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и…
Денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ќе бидат сослушани новите амбасадори кои се именувани од Владата и треба да заминат во дипломатска мисија во клучните престолнини, меѓу кои и во Вашингтон. Пополнувањето на амбасадорското место во Вашингтон доаѓа по четири години домашно лицитирање околу тоа кој ќе ја извршува оваа значајна дипломатска функција, за кое време Македонија остана без амбасадор кај најважниот стратешки партнер и НАТО сојузник САД. Новоименуваниот амбасадор во САД Зоран Попов доби агреман пред еден месец, со што беше прекината непријатната спирала на премолчено одбивање на неколку кандидати од страна на американската администрација. Попов доаѓа од…
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 59 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца.…