Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кравињо: Почетокот на преговорите е историски момент до кој дојдовме со елементи од португалскиот предлог

0
By Соња Крамарска on July 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи и Кравињо на денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 26, 2022 11:49

„И честитам на Владата за историскиот момент на 19 јули, кој сите не прави радосни. Ние како португалско претседателство вложивме напори да се дојде до овој момент, и со елементи од нашиот португалски предлог дојдовме до овој историски момент“, рече денес во Скопје шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо, кој првпат се наоѓа во посета на Македонија, а како што дополни неговиот домаќин министерот за надворешни работи Бујар Османи, посетата на Кравињо е и прва посета на европски претставник по почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Знаеме дека одлуките не беа лесни, честитки за лидерството на Северна Македонија. Тука сум да кажам дека Португалија и натаму ќе  ја поддржува вашата земја во текот на целиот процес на пристапување во ЕУ. Можете да сметате на наша техничка и политичка поддршка“, изјави португалскиот министер.

На прашањето што е поквалитетно во францускиот предлог во однос на португалскиот предлог кој Лисабон го лансираше за  време на нивното претседателствување со ЕУ минатата година, Кравињо одговори дека биле вложени напори да состават предлог кој ќе биде прифатен.

„Во политика треба да го правите тоа што е возможно, а не да се водите според моменталните случувања. Договорот кој е постигнат е договор кој овозможува скрининг кој е интензивен и има две фази – првата е објаснување на скринингот и потоа следува билатерален скрининг кога се утврдуваат разликите во законодавн рамка на Северна Македонија во однос на европската. Штом заврши скринингот и уставните измени ќе се одржи и втората меѓувладина конференција“, рече тој и изрази уверување дека Македонија повеќе нема да се соочува со билатерални блокади. (С.К.)

 

 

 

 

 

Бујар Османи Жоао Гомес Кравињо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.