Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Лејла Анакиевска, вработена во полицијата со 21 годишен стаж е нов командир на Полициската станица од Општа надлежност во Делчево, јави локалниот портал Делчево365. Анакиевска довербата ја доби со мнозинство гласови на седница на делчевскиот Совет на Локалната самоуправа, чии советници имаа можност да гласаат за еден од тројцата кандидати, по втората листа предложена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако првата предложена листа, на една од минатите седници беше одбиена. Од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ изјавија дека нема да гласаат за ниту еден од предложените кандидати. На кандидатската листа освен Анакиевска се најдоа и вработените во…
Поранешен пратеник од опозицијата и тројца активисти во Мјанмар беа егзекутирани, Европската Унија смета дека ова е уште еден чекор кон уривањето на правната држава во Мјанмар каде владее хунтата, јави дописничката на МИА од Брисел. Властите во Мјанмар соопштија денеска дека овие четири лица познати како активисти за демократија и човекови права беа егзекутирани откако судот им изрече смртна казна. Во име на Европската Унија се огласи високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, кој овие егзекуции ги нарече политички мотивирани. -Овие политички мотивирани егзекуции претставуваат уште еден чекор кон целосното уривање на владеењето на правото и дополнително брутално…
Бојан Јовановски – Боки 13 кој одлежува казна затвор за случајот „Рекет“ денеска од КПД Идризово бил пренесен во градската болница „св. Наум Охридски“, објави „А1он“. На Боки 13 му била влошена здравствената состојба, односно има хронични здравствени проблеми со желудникот. Засега не е позната неговата дијагноза, но според неговиот адвокат Сашко Дуковски постои можност да му биде извршена и хирушка интервенција. Претходно беше објавено дека Јовановски е преместен од полуотворениот во затворениот дел од затворот „Идризово“. Бојан Јовановски познат како Боки 13 беше осуден на девет години затвор во познатата афера „Рекет“. (Р.Н.)
Пожарот на Криволак е локализиран и нема опасност од негово ширење, информираа од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. Оттаму велат дека во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на месноста „Орлово брдо“. Тие информираа дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-17 се исфрлени пет тони вода за локализирање на пожарот. Појаснуваат дека армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително…
Рускиот енергетски гигант Газпром вели дека повторно драстично ќе го намали снабдувањето со гас за Европа преку својот главен гасовод а причината се поправки и одржување. „Газпром“ рече дека запирањето на уште една турбина на гасоводот „Северен тек 1“ ќе го намали дневното производство на гас за 20 отсто, преполовувајќи го сегашното ниво на снабдување. Германската влада реагираше дека нема техничка причина за ограничување на снабдувањето со гас. Најновата одлука на Газпром ќе им отежне на европските земји да ги надополнат резервите со гас пред зимата. Гасоводот Северен тек 1, кој транспортира гас од Русија во Германија, со недели работи…
По неколкуте убиства на бездомници во предградието Ленгли на Ванкувер денеска, канадската полиција соопшти дека осомничениот е во притвор. Локалните медиуми утринава објавија дека неколку луѓе се убиени во масовно пукање во провинцијата Британска Колумбија, а локалната полиција издаде итно предупредување и ги замоли жителите да бидат внимателни и советувани да се држат подалеку од критичните локации. Портпаролот на кралската канадска коњичка полиција изјави за мрежата CBC дека неколку луѓе се убиени, но не прецизираше колку. Жртвите биле бездомници, а полицијата верува дека нападот бил планиран, пренесоа канадските медиуми. (Р.Н.)
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми настапи со реакција до главната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска, по нејзината денешна изјава дека врши притисок врз обвинителството и судството. Таа денес изјави дека претставката од Управата за финансиска полиција која беше обелоденета денес, датира од минатата седмица, а нејзиното објавување денес го смета за „директен притисок врз работата на обвинителството и судот“. „Уште кога го пишував соопштението бев свесен дека Русковска ќе го злоупотреби зборот ‘наводен притисок’ врз институциите, но сепак, обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и…
Момче кое играше шах со робот заработи скршеница на прстот откако роботот му ја фати раката и не му ја пушташе додека не притрчаа други учесници да му помогнат. Веста ја соопшти претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев за државната новинска агенција ТАСС. Сергеј Лазарев рече дека инцидентот се случил на Московскиот шаховски турнир, откако момчето сакало да биде побрзо од роботот. „Робот го скрши прстот на детето – ова е, се разбира, лошо“, рече Лазарев. „Роботот е изнајмен од нас, долго време е изложен на многу места од специјалисти. Очигледно, операторите превиделе некои недостатоци. Детето направило потег, а…
Обвинителката Вилма Русковска, денес изјави за Дојче Веле дека претставката од Управата за финансиска полиција била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во оваа институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа. „Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен притисок врз работата на обвинителството и судот“, рече Русковска за ДВ. Таа е изненадена од реакцијата на Управата за финансиска полиција и директорот Арафат Муареми. „Ние само проверуваме наводи во пријава и во…
Пехчево го доби првото доброволно противпожарно друштво, кое денес беше промовирано на градскиот плоштад, јави локалниот портал Малешнет. По минатогодишните катастрофални пожари во Малешевијата, група на граѓани пред еден месец го формираа доброволното друштво под името „Пехчевски пожарникари“ а денес беше презентирана новата опрема која е обезбедена самоиницијативо со средства собрани од граѓани на Пехчево, како и донација на возило од општината. Моментало во доброволното друштво членуваат осум луѓе, истакна претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Пехчево, Дејан Вазлиски. Тој вели дека друштвото го формирале меѓу другото и затоа што градот нема противпожарна служба. „По катастрофалните пожари што ни се…
Последниот биланс изнесува нови 1.261 случаи на ковид позитивни граѓани од 2.989 тестови. Бројката го опфаќа и изминатиот викенд. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 295 реинфекции. Најмногу заразени има во Скопје, Битола, Кавадарци и Прилеп. (Р.Н.)
Поради непристапноста на теренот донесена е одлука армиски хеликоптер да полета од Скопје и да го гаси пожарот на Криволак што избувна денес. Според информацијата добиена од од противпожарната служба во Неготино, пријавен е пожар од поголем обем на полигонот Криволак. Пожарот избувнал на стариот АБХ полигон на непристапен терен, најверојатно во ноќните часови. За пожарот којшто е од поголем обем се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот и нерамен терен. Според информациите таму е невозможно да се гаси пожарот од земја ниту со пожарникари ниту со војници. Инаку гори нискостеблеста шума.…