Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во отсуство на противпожарна служба Пехчевци си формираа доброволно противпожарно друштво

0
By Соња Крамарска on July 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 17:50

Пехчево го доби првото доброволно противпожарно друштво, кое денес беше промовирано на градскиот плоштад, јави локалниот портал Малешнет. По минатогодишните катастрофални пожари во Малешевијата, група на граѓани пред еден месец го формираа доброволното друштво под името „Пехчевски пожарникари“ а денес беше презентирана новата опрема која е обезбедена самоиницијативо со средства собрани од граѓани на Пехчево, како и донација на возило од општината.

Моментало во доброволното друштво членуваат осум луѓе, истакна претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Пехчево, Дејан Вазлиски. Тој вели дека друштвото го формирале меѓу другото и затоа што градот нема противпожарна служба.

„По катастрофалните пожари што ни се случија минатата година, група на граѓани го формиравме Доброволното противпожарно друштво. За почеток имаме некоја донација мала опрема која еве денес ја презентираме пред граѓаните на Пехчево, која се состои од униформи, заштитни комбинезони, шлемови, напртњачи, а од општина Пехчево имаме и едно возило за гаснење на шумски пожари. Друштвото го создадовме со цел бидејќи во Пехчево нема противпожарна единица за брзо интервенирање и дејствување во случај на пожари. Официјално постоиме еден месец поточно од 17.06.2022 кога е и регистрирано друштвото, кое во моментот брои 8 волонтери и отворено е за секој кој сака да се приклучи“, вели Дејан Вазлиски.

На денешниот настан, присуствуваше и градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека друштвото со помош на општината ќе дејствува насекаде во Малешевијата и пошироко, а тимот на волонтери се луѓе кои се запознаени со справување во услови на пожари и други катастрофи.

„По иницијатива на група граѓани и со помош од општината, за прв пат во Пехчево се формира новото противпожарно друштво, кое ќе делува превентивно на нашиот терен во нашата општина, каде има потреба за дејствување како во Берово и соседно Делчево. Ова се луѓе кои се запознаени со оваа проблематика и кои учествувале во најразлични акции за гаснење и справување со пожари.Интересот е голем и мислам дека во следниот период ќе имаме уште повеќе членови во доброволното друштво и им посакувам среќа за понатаму и да немаат многу работа“, рече Китански.

Плановите на доброволците пожарникари од Пехчево за во иднина се обезбедување на поголем фонд на опрема и подигање на поголемо ниво за кое во моментот имаат разговори со неколку амбасади за донација на противпожарно возило, а соработката со општина Пехчево во следниот период ќе биде за изградба на гаражи каде ќе бидат сместени нивните противпожарни возила.

Првата акција на доброволното противпожарно друштво од Пехчево беше учество во гаснењето на пожарот над селото Митрашинци, каде нивните членови допринесоа за локализирање на неколкудневниот пожар во месноста „Диовица“. (Р.Н.)

Доброволно противпожарно друштво Пехчево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.