Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО и ВИДЕО) Робот што игра шах му го скрши прстот на момчето противник на турнирот во Москва

0
By Соња Крамарска on July 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 18:49

Момче кое играше шах со робот заработи скршеница на прстот откако роботот му ја фати раката и не му ја пушташе додека не притрчаа други учесници да му помогнат. Веста ја соопшти претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев за државната новинска агенција ТАСС.

Сергеј Лазарев рече дека инцидентот се случил на Московскиот шаховски турнир, откако момчето сакало да биде побрзо од роботот.

„Робот го скрши прстот на детето – ова е, се разбира, лошо“, рече Лазарев.

„Роботот е изнајмен од нас, долго време е изложен на многу места од специјалисти. Очигледно, операторите превиделе некои недостатоци. Детето направило потег, а после тоа треба да се даде време роботот да одговори со свој потег, но момчето побрза да направи пак потег, и роботот го зграпчи“, рече тој.

Момчето продолжи да се натпреварува на форумот откако му го ставија прстот во гипс, изјави Лазарев.

„Детето играше следниот ден, го заврши турнирот во гипс “, додаде Лазарев.

„Ќе се координираме за да разбереме што се случи и ќе се обидеме да му помогнеме на семејството на детето на кој било начин. А операторите на роботот, очигледно, ќе мора да размислуваат за зајакнување на заштитата за да не се повтори таква ситуација“, рече тој.

На видеото објавено на каналот Baza Telegram се гледа како роботот го фаќа прстот на момчето. По кратка борба, неколкумина притрчуваат и помагаат да се ослободи раката на детето од раката на роботот.

„На роботот не му се допадна таквото брзање – го фати показалецот на момчето и силно го стисна. Луѓето притрчаа да помогнат и го извлекоа прстот на младиот играч, но скршеницата не можеше да се избегне“, објави каналот Baza Telegram.

Московскиот шаховски турнир се одржа во руската престолнина од 13 до 21 јули. (Си-Ен-Ен)

Видео на следниов линк 

Москва Робот скршен прст Шах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.