Author: Соња Крамарска

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери. Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отиде на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот другар Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи…

Read More

Скопскиот Апелациски суд му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев за сообраќајката кај Сити Мол во која загина 24-годишната Викторија Николова. Ѓоргиев претходно од Кривичниот суд беше осуден на тригодишна казна затвор за сообраќајната несреќа во која освен што загина Викторија, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов. Пресудата ја обжали Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот на судењето во април ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште. Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не се придружувал на сообраќајните прописи и не ги пропуштил пешаците на обележаниот прешачки премин на…

Read More

Денеска за нов директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје е назначена Косана Мазнева, соопшти кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Мазнева, како што се истакнува, има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководитела на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Македонија, а била и поранешен пратеник во Собранието на Македонија во два мандата. Високо образование има завршено на Природно-Математичкиот Факултет во Скопје. Мазнева е член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиното именување доаѓа по смената на Зуди Енузи, претходен директор на Комунална хигиена, кој…

Read More

Министерството за надворешни работи на Бугарија упати нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија во врска со „бројните манифестации и пароли насочени против Бугарија кои се затекнати на јавниот простор на соседната земја во последните денови“, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Во нотата, како што се вели, се изразува длабока загриженост за она што се случува, и за „распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји“. „Особено е загрижувачки што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – учество во толпа што ќе изврши кривично дело, а три лица се гонат за  – Предизвикување општа опасност. За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието.…

Read More

Иако водечките европски лидери Макрон и Шолц, и САД, во специјални обраќања ја повикаа македонската јавност да ја прифати преговарачката рамка, таа се уште се наоѓа на лизгав политички терен. Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог-преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство, меѓутоа останатите партии, особено од македонскиот блок се уште тактизираат или покажуваат отворено несогласување со содржината на европскиот документ. Во партиското соопштение СДСМ ја уверува јавноста дека како партија останува цврсто…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија. Соговорниците разменија мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст. Во таа насока, министерот Липавски ја потенцираше подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина…

Read More

Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро. Министерот за финансии Здравко Мариќ го нарече историски ден. „Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски“, изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин), кој денеска ќе донесе три правни акти – одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка. Третиот правен акт е пропис со…

Read More

Пратеникот Павле Трајанов од име на неговата партија Демократски сојуз испрати до претседателот на Собранието Талат Џафери негов предлог – заклучоци што треба да ги усвои Собранието во врска со модифицираниот француски предлог. Потегот на Трајанов доаѓа во пресрет на парламентарната расправа за предлог-преговарачката рамка од ЕУ, за што се чека Џафери да го одреди датумот на седницата. Во предлогот Трајанов бара да се изостави делот за еднострани декларации за македонскиот јазик како и делот за билатералните прашања меѓу двете држави да се дел од преговорите со ЕУ. Како што е најавено заклучоците што ќе ги усвои Собранието ќе бидат…

Read More

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ се фотографираше со семејството и со освоениот победнички пехар на Вимблдон. Прочуената тениска арена беше веќе испразнета од гости, така што Ѓоковиќ, сопругата Јелена и нивните син и ќерка можеа во мир да го овековечат големиот успех.

Read More

Генералниот директор на „КОСТАЛ – Македонија“, Виктор Мизо, повторно е избран за претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, откако членовите му ја дадоа довербата за нов двегодишен мандат. Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека на виртуелна седница одржана вчера се  избрани и заменици-претседатели на Асоцијацијата: Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ и Ѓорѓи Тренкоски од „Теламон“. На средбата се дискутирало и за отворените прашања и за актуелните проблеми во однос на законската регулатива, како и за други значајни прашања кои се од интерес за странските инвеститори, кои ќе бидат предмет на…

Read More

Органите на државната управа не се усогласени со обврските за дигитализација на постапките, мала е заинтересираноста за приклучување на платформата, а постои и константен недостаток на вработени ИТ лица како и отсуство на тело за координација и следење на развојот, се главните заклучоци од Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на функционалноста на платформата за интероперабилност помеѓу институциите од јавниот сектор, што денеска го објави на својата веб страница Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во извештајот се нагласува дека само околу три отсто од институциите од јавниот сектор се поврзани на платформата за интероперабилност. Како што велат од ДЗР, целта на извршената…

Read More