Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2022 12:04

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Во таа насока, министерот Липавски ја потенцираше подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик; изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш.

Чешка е новиот претседавач со Советот на ЕУ, со мандат до декември 2022 година. Улогата ја презеде од Франција која во последните денови од претседавањето го испорача таканаречениот француски предлог за надминување на блокадата на Бугарија за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. (Р.Н.)

Бујар Османи телефонски разговор чешки министер за надворешни работи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.