Author: Соња Крамарска

Бугарија не се соочува со гасна криза, единствениот голем проблем во моментов е што влегуваме во политичка криза, рече бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков кој се наоѓа во Грција каде што со Мицотакис присуствуваат на церемонијална свеченост по повод завршувањето на интерсистемската гасна врска Грција – Бугарија. „Немаше 121 луѓе кои не се плашеа да кажат ‘не’ на заткулисните игри. Толку сме свесни за тежината на одговорноста што ја имаме, што утрово сите наши пратеници се обидоа да комуницираат со пратениците од Има таков народ. Засега мислам дека мандатот ќе се врати без поддршка од 121 лице“, рече Петков.…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама посветен на интензивирање на соработката за заедничко надминување на потешкотиите околу снабдувањето со храна и енергија, како и за заедничко справување со можни пожари во трите земји летово. Лидерите договорија создавање мешани меѓуресорски работни групи по кризните теми и со цел создавање заедничка агенција за привлекување странски инвестиции на Отворен Балкан. На состанокот од македонска страна присуствуваа и вицепремиерите за европски прашања и економски прашања Маричиќ и Битиќи, националниот координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец, директорот на АД „Електрани на…

Read More

Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард, којшто го доби и со кој, според многумина, актерот почна да си ја враќа кариерата во нормала. Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција. Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка  Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски. Мајвен и ќе го режира филмот. Нетфликс…

Read More

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.

Read More

Во Крушево е во тек параглајдинг првенството Пред светски куп Флајмастер опен со околу 100 учесници од повеќе држави во Европа. Првенството ќе трае до 10-ти јули. „Ова е она за што работевме. Имаме поголемо полетувалиште кое овозможува одржување на големи првенства плус услови за рекреативни параглајдеристи кои истовремено го користат. Тука градиме и објект и генерално ги подобруваме условите, а резултатите ги гледаме ова лето. Летото навистина е исполнето со настани и многу странски туристи“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. Ова лето само преку параглајдеризмот општина Крушево очекува повеќе од 3 000 туристи. По завршувањето на ова…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон штотуку ја заврши својата изјава во која даде оставка на лидерската функција на Конзервативната партија, а на премиерската ќе остане додека му биде избран наследник во партијата. Еве резиме на клучните поенти од неговиот збогувачки говор: Џонсон рече дека е „јасна волјата на парламентарната партија“ да има нов премиер. Временската рамка за избор на нов премиер ќе биде објавена следната недела. Тој рече дека чекал толку долго за да ја донесе одлуката бидејќи сакал лично да го исполни мандатот на гласачите, велејќи дека чувствува дека е негова должност и обврска да го направи она што го…

Read More

По вчерашната одлука за разрешување на директорот на јавното претпријатие Комунална хигиена кој беше директно поврзан со лицето кое пукаше на протестот организиран од страна на ВМРО ДПМНЕ, попладнево со своја изјава за медиумите се огласи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа вели дека не ја разбира вообразеноста и коментарите на  Таравари, со оглед на тоа што соработката е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје, вели Арсовска и додава дека со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје…

Read More

Борис Џонсон поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија, откако низа министри во кабинетот му кажаа дека ја изгубил поддршката од партијата. Во изјавата пред Даунинг стрит, Џонсон објави дека се повлекува од функцијата лидер на партијата, но рече дека планира да остане премиер додека партијата го избира неговиот наследник. Изјавата става крај на ќор-сокакот меѓу Џонсон и министрите во кабинетот, вклучително и неговиот нов канцелар, Надим Захави, кои го повикуваа да се повлече поради гневот поради аферата Крис Пинчер и другите скандали. Сепак, високите конзервативни пратеници се спротивставуваат на идејата дека на Џонсон треба да му се дозволи да…

Read More

Пред помалку од три години, Борис Џонсон ги предводеше конзервативците до нивната најголема изборна победа од 1987 година, а сега ја загуби поддршката од своите пратеници и треба да поднесе оставка. Како дојде до ова? Би-Би-Си наведува пет причини за падот на Џонсон. Аферата Крис Пинчер Во средата на 29 јуни, пратеникот Крис Пинчер – отиде во приватен клуб во Лондон. Тој беше обвинет дека допирал двајца мажи, што доведе до голем број слични обвинувања, некои од пред неколку години. Така започна синџирот на настани кои завршија со падот на премиерот. На почетокот Даунинг стрит рече дека Џонсон не бил свесен за…

Read More

Најдоцна до утре на ЕНЕР ќе биде ставена драфт верзијата на новиот Кривичен законик со кој во целост се ревидира казнената политика. Во изготвувањето на законскиот текст учествуваа претставници од академската заедница, од судството, јавното обвинителство, Министерството за правда, невладини организации, МВР и други засегнати страни. Во периодот кој следи, секој ќе има можност да се запознае со законските одредби, ќе се организираат јавни расправи, дебати, по што дел од забелешките ќе бидат инкорпорирани во конечното законско решение.  „Одлучивме, концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените…

Read More

Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка како лидер на конзервативците, соопштија извори за Би-Би-Си, по најновите министерски оставки утринава. Но, тој планира да продолжи да ја извршува функцијата премиер до есен за да дозволи трката за лидер на ториевците да се одржи во текот на летото. Лидерот на лабуристите Кир Стармер ја поздрави веста, велејќи дека конзервативците „нанесоа хаос на земјата“ за време на кризата со трошоците за живот. Некои пратеници од Ториевците бараат Џонсон да се повлече веднаш откако повеќе од 50 владини министри и помошници ја напуштија неговата влада. Надим Захави утринава му рече на Џонсон дека мора…

Read More

Ако директорот навистина е разрешен, тука завршува нашата приказна со Арсовска, порача утринава Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во „Студио 10“ на Телевизија 24 изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција. „Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторо одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто. Тој е член на Алијансата кој…

Read More