Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци кои, рече, се храбри припадници на македонската полиција што беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието. Спасовски, притоа, го осуди насилството над полициските службеници кои настрадаа додека ја извршуваа својата должност. „Во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување“, изјави тој. Спасовски уште еднаш потенцираше дека се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца…
Во вчерашните протести се оштетени зградите на Министерството за надворешни работи и на Собранието. Искршено е стаклото на главната врата од Министерството за надворешни работи, а видливи се и лушпи од јајца, стакло и боја што вчера демонстрантите ги фрлаа кон објектот на МНР. Во Собранието се оштетени прозорци, а исто така видливи се и предмети што беа фрлени кон припадниците на МВР и зградата. Утринава пред Собранието и пред Министерството за надворешни работи е мирно. За време на протестите беа скршени и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетени се една полициска куќарка пред Собранието и едно…
Легендарниот американски гитарист Карлос Сантана падна на сцената за време на концерт на отворено во близина на Детроит, Мичиген. Медицинскиот персонал го однел 74-годишниот гитарист во одделот за итни случаи на локалната болница. Сантана, кој е роден во Мексико, подоцна на својата страница на Фејсбук напиша дека „заборавил да јаде и да пие вода“ и „дехидрирав и се онесвестив“. Неговиот менаџер Мајкл Врионис рече дека музичарот е добар. Сепак, тој додаде дека шоуто планирано за среда во Бургетстаун, Пенсилванија, „ќе биде одложено за подоцнежен датум“. Се појавија снимки на кои се гледа како на Сантана му помагаат да излезе од…
„Имам доверба во македонските политичари, и во луѓето дека ќе можеме да продолжиме заедно по патот на ЕУ. Знам дека ова е тежок момент за вас, но тој е и момент кој носи надеж во себе. Вратата е сега толку широко отворена колку што не беше долго време, знам дека е тешко да се влезе во неа, но да продолжиме заедно по патот на ЕУ“, порача Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија за Западен Балкан кој се наоѓа во посета на нашата земја. „За мене е важно овој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на…
МВР соопшти доцна вечерва дека се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега, велат од МВР. „Притоа се констатирани и повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца,…
„Собранието е место каде политичките партии треба да разговараат. Сите документи од предлогот ќе бидат испратени во Собранието, таму се сите партии, ќе имаат состаноци, ќе расправаат за заклучоци во врска со европскиот предлог кој го имаме добиено од ЕУ. Собранието ќе одлучи и ќе ја даде одлуката на Владата да ја спроведе“, рече денес шефот на Владата Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето дали ќе има средба со опозицијата. „Со Мицкоски имавме средба а и со Села и Касами. Координаторите на пратеничките групи и претставници на помалите политички партии ќе разговараат за заклучоците кои Собранието треба да ги донесе во врска…
Ова е клучен момент за Северна Македонија но и за ЕУ. Иднината на моите три деца и на сите наши деца ќе биде побезбедна и просперитетна со Западен Балкан внатре во ЕУ, порача претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната прес-конференција со премиерот Ковачевски. „Почитувани Македонци имате историска можност да кажете ‘да’ на преговр и ‘да’ на иднината на вашите деца. Одлуката за тоа е кај вас. Искрено да ви кажам како пријател, оваа можност е премногу важна да не се пропушти, никогаш не сме биле толку блиску до почеток на преговорите. Можете да сметате на политичка и финансиска…
Европскиот парламент во Стразбур денеска со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната. Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната. Пред приемот на членката на ЕУ, Европскиот парламент дава мислење за препораката на Комисијата, а последниот чекор ќе биде усвојување на предлогот на состанокот на Економско-финансискиот совет на ЕУ на 12 јули. Претходно, влезот на Хрватска во еврозоната беше поддржан од Европскиот…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби. Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот. Предлогот, истакнаа премиерот Ковачевски и претседателот Шарл Мишел, предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ. На средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток…
Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ, порача поранешниот премиер Зоран Заев. „Ја советувам Владата да преземе лидерски одлуки, тоа го сторивме со мојот пријател Алексис Ципрас со потпишување на Договорот од Преспа што донесе стабилност, донесе добри пораки до Европската унија дека овде на Балканот, на европски начин можеме да најдеме решение на многу тешки прашања, преку дипломатија и дијалог и продолжуваме да сме добар пример за Европската Унија и се надевам дека Северна Македонија ќе продолжи и преку прифаќањето на предлогот од ЕУ и конечно после 17 години ќе…
Нова социјалдемократска партија (НСДП) бара Владата храбро да истапи и да го прифати предлогот на француското претседателство со Европската Унија и истиот да го достави на разгледување во Собранието заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година, соопшти партијата известувајќи ја јавноста дека за нив францускиот предлог е прифатлив. „Извршниот одбор на НСДП одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија ставајќи го во преден план државниот интерес и имајќи…