Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Сарацин: Германија е со Северна Македонија и ќе ја придружува на европскиот пат

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2022 10:57

„Имам доверба во македонските политичари, и во луѓето дека ќе можеме да продолжиме заедно по патот на ЕУ. Знам дека ова е тежок момент за вас, но тој е и момент кој носи надеж во себе. Вратата е сега толку широко отворена колку што не беше долго време, знам дека е тешко да се влезе во неа, но да продолжиме заедно по патот на ЕУ“, порача Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија за Западен Балкан кој се наоѓа во посета на нашата земја.

„За мене е важно овој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. Овој европски компромис според мене е шанса. Кога видов што стои во последниот документ бев зачуден, бидејќи видов дека е тој компромис во кој се земени предвид барањата на Владата на Северна Македонија. Еден компромис никогаш не е перфектен, но овој предвидува процесот на преговори да почне веднаш по неговото прифаќање без натамошни одложување и блокади“, рече тој.

Сарацин подвлече дека има разбирање за грижата за идентитетот и јазикот да бидат доведени во прашање, но додаде дека македонскиот идентитет и јазик за Германија се јасни и со овој предлог се сочувани. „Во Германија ние велиме да го направите следниот чекор. Германија ќе биде на страна на Северна Македонија и би сакал да ја придружуваме на европскиот пат“, истакна тој. Сарацин посочи дека има разбирање и за недовербата кон бугарската позиција, но едно е многу јасно, рече тој, кога процесот ќе заврши тогаш тој завршува. „Тука не се содржани блокадите од Бугарија, ќе има вистински преговарачки процес. Не можам да ветам каков ќе биде исходот од процесите во Бугарија, но сега треба да направите нешто за да се обезбедите за понесигурни времиња. Може утре да се затвори тој прозорец. Германија и ЕУ ќе направат се патот на Северна Македонија кон ЕУ да биде отворен низ постапка, но без постапка овој пат не е отворен“, појасни тој.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на прес-конференцијата што ја одржаа заедно со германскиот гостин предупреди на опасноста да се случи истото сценарио од 2008 година кога по неуспехот Македонија да влезе во НАТО поради грчката блокада, раководството имаше очекувања дека спорорт ќе заврши за неколку месеци, а беа всушност изгубени десет години.(С.К.)

 

 

Бојан Маричиќ Мануел Сарацин француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.