Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фотогалерија) Оштетени зградите на Собранието и МНР по вчерашните протести

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2022 12:21

Во вчерашните протести се оштетени зградите на Министерството за надворешни работи и на Собранието. Искршено е стаклото на главната врата од Министерството за надворешни работи, а видливи се и лушпи од јајца, стакло и боја што вчера демонстрантите ги фрлаа кон објектот на МНР. Во Собранието се оштетени прозорци, а исто така видливи се и предмети што беа фрлени кон припадниците на МВР и зградата.

Утринава пред Собранието и пред Министерството за надворешни работи е мирно.

За време на протестите беа скршени и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетени се една полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се повредени 47 полициски службеници од кои 11 потешко, а двајца имаат сериозни повреди.

Приведени се 11 лица од кои двајца малолетници, а како што соопшти МВР, констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлале со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.

Насилните протести ги осудија претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава ги посети повредените полициски службеници. Во изјава за медиумите, тој ги оцени вчерашните протести како вандализам, посочувајќи дека протестот е демократско право, но дека политичките партии не смеат да организираат насилни протести и насилно уривање на власта.

оштетени институции протести француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.