Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници. По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии: Линии 3, 3А и 3Б * Во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама *Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „ЈорданМијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат…
Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Мадрид го објави новиот американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари. Покрај тоа, тој најави дека коалицијата составена од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромни количини оружје во Украина. „Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои ветија дека ќе испратат оружје во Украина. Се работи за глобален потфат за поддршка на Украина. Станува збор за речиси 140.000 противтенковски системи, повеќе од 600 тенкови, речиси 500 парчиња артилериско оружје, повеќе од 600.000 парчиња артилериска муниција и напредни повеќецевни ракетни фрлачи, противбродски ракети…
Утрово МВР издаде соопштение дека е фатен Е.Д.(33) од Скопје за кого била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторил две тешки кражби на уметнички слики од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година. Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“,, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор. Кражбата се случи два дена по отварањето на изложбата на слики…
Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Северна Македонија, објави пред малку попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – Решението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога било досега. Сега е време да се каже „да“, додава Мишел во твитот. Welcome @Europe2022FR solution for an agreement that would pave the way for opening of EU accession talks with North Macedonia. The solution addresses concerns expressed. We are the closest we have ever been: now is the time to say yes. —…
До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, соопшти пред малку Владата. „Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата“, најави Владата. „Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до претседателот…
Францускиот претседател од Мадрид изјави дека е најден компромис за спорот меѓу Скопје и Софија. Деталите се уште не се познати, јави попладнево Дојче Веле. Во информацијата се вели дека Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон. „Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид. Макрон не соопшти…
Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на рудникот САСА од Македонска Каменица донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, соопшти попладнево дирекцијата. Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80 проценти повисока од просечната плата во земјава. Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од 3 проценти што Саса го исплатува од јануари годинава. Дополнително просечно зголемување од…
Пријавени се нови 163 случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на заразени изнесува 314.018. Оздравени се 110 пациенти, пријавени се две починати лица. Со тоа продолжува трендот на пораст на инфицираните од корона, по драстичното опаѓање на бројките во изминатите месеци. Најмногу од заразените се од Скопје – 85, потоа следуваат Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1. Од вкупниот број на новозаразени, регистрирани се 24 реинфекции. (Р.Н.)
Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 отсто, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на прашања на новинарите во врска со цената на струјата. Во изјава на конференцијата за енергетика МЕФ 2022, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста. „Треба да заземат став – дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh, и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150 отсто, или треба…
Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување. – Не секогаш се лесни начините со кои што се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик, рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”. Тој истакна…
„Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата. Тоа значи еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени чинители во енергетскиот сектор“, соопшти денеска Владата. Во соопштението се додава дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната…
Од извршената ревизија на друштвото Железници Транспорт АД Скопје, државните ревизори објавија фрапантни податоци кои говорат за систематска небрежност и запуштеност на овој важен транспортен сектор. Меѓу наодите на ревизијата се отсуство на систем на интерни контроли и пишани процедури на сите нивоа на работењето, користење на ИТ систем од постара генерација без договор за одржување и сервисирање, како и отсуство на проценка и управување со ризици во ИКТ систем, кои се инаку клучни за функционирањето на возовите и безбедноста на патниците. Исто така констатирано е и непостоење процедура за јавните набавки, ниту пак критериуми за пополнување на работните места а…