Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Северна Македонија, објави пред малку попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Решението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога било досега. Сега е време да се каже „да“, додава Мишел во твитот.