Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Со новото тарифирање, оние кои трошат помалку, ќе плаќаат помалку струја

0
By Соња Крамарска on June 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
фото кредит: ММС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 30, 2022 11:16

„Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата. Тоа значи еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени чинители во енергетскиот сектор“, соопшти денеска Владата.

Во соопштението се додава дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. „Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Ефтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите“, се додава во соопштението.

Од Владата посочуваат дека во изминатиот период поддршката на Владата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100 отсто задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145 отсто, а тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво.

„Доколку ЕСМ ги обезбедуваше законските 60 отсто електричната енергија, другите 40 отсто на слободен пазар, како и загубите на енергетските компании да се на слободен пазар тогаш цената ќе се зголемеше за 153 отсто. Но ЕСМ поради сложената енергетска состојба со која се соочува цела Европа обезбеди 100 отсто струја за домаќинствата. Истата е субвенционирана и е наменета за граѓаните со цел да се заштити стандардот. Државната политика е поставена да се грижи за граѓаните, а не за профит во време на енергетска криза. Наместо ЕСМ да го продава овој вишок на електрична енергија и да книжи профит, ќе биде насочен кон домаќинствата. Ангажирани се сите енергетски капацитети на максимум. Владата и институциите во услови на светска енергетска криза ја нагласуваат неопходноста од рационално користење електрична енергија и штедење. Мерките на Владата за граѓаните во услови на најголема криза, продолжуваат“, соопштија денес од Владата пред утрешниот старт на новиот тарифник за плаќање на сметките за електрична енергија. (С.К.)

Влада електрична енергија нов тарифник за плаќање сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.