Пријавени се нови 163 случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на заразени изнесува 314.018. Оздравени се 110 пациенти, пријавени се две починати лица. Со тоа продолжува трендот на пораст на инфицираните од корона, по драстичното опаѓање на бројките во изминатите месеци.

Најмногу од заразените се од Скопје – 85, потоа следуваат Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Струмица  – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на новозаразени, регистрирани се 24 реинфекции. (Р.Н.)