Author: Соња Крамарска

СВР Охрид објави дека е уапсен 59-годишен маж од Дебарца кој украл 50 литри гориво од градежна машина што работела на автопатот Кичево – Охрид. Полицијата на СВР Охрид половина час по полноќ го уапсила Н.С. (59) од село Требеништа, општина Дебарца. Од МВР информираат дека тој претходно бил фатен како крадел гориво од градежна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, при што биле пронајдени две пластични галони со околу 50 литри гориво. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ денеска соопшти дека граѓаните ќе може да купат само 50 литри гориво дневно, со цел да се обезбеди доволно бензин и дизел во период на зголемена побарувачка поради туристичката сезона и жетвата. „Го воведовме овој лимит за продажба на гориво на бензинските пумпи, со цел да го гарантираме снабдувањето. Клиентите кои точат гориво во канистери повеќе нема да имаат право на попуст“, изјави портпаролката на МОЛ, Пирошка Бакош. Tаа додаде дека побарувачката на гориво во лето обично е за 30 до 40 отсто поголема, поради туризмот и жетвата, што значи поголема потрошувачка на нафтата. Увозот на гориво во Унгарија е намален поради…

Read More

Веќе со години наназад состојбата во „Идризово“ е повеќе од загрижувачка и под сите минимални стандарди. При увидот констатиравме дека се сместуваат и по 16 лица во една просторија. Во 16 метри квадратни, со 8 кревети, имаше 16 осудени лица. Во друга просторија од 19 квадрати имаше 12 лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од 9 лица. Хигиената е лоша, има лебарки, бубашваби, тафтаби, нема можност за одржување на лична хигиена. Ова влијае и за тензичната атмосфера и затоа често има тепачки. Во однос на материјалните услови загрижувачка е и состојбата во затворот во Шутка, простории…

Read More

И покрај измените на Законот за извршување и Тарифата за награда за работата на извршителите со кои беше предвидено нивно намалување, овие износи и натаму се високи. Треба да се истакне дека продолжува праксата на некои извршители и за намерно зголемување на трошоците на извршување и каматите, со непреземање извршни дејства за наплата на побарувањата, по издавање на налозите за извршување, констатира Народниот правобранител во најновиот извештај. Се наведува дека има случаи кога извршните дејствија за наплата на побарувањата се преземаат дури и неколку години по издавање на налогот за извршувања, така што за тој период се зголемуваат и каматите…

Read More

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска по средбата на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека во контекст на руската агресија врз Украина, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан треба да се гледа како инвестиција во безбедноста на ЕУ. „Во тој контекст, на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан треба да се гледа како на неопходност, но и на инвестиција во безбедноста на ЕУ“, рече Ковачевски. „Што се однесува до францускиот предлог му заблагодарувам на претседателот Макрон за неговата посветеност и напорите да се најде решение но предлогот во сегашната форма не е прифатлив за мене,…

Read More

„Дозволете ми да изразам тага поради ЕУ. Жал ми е за нив. Се обидов да укажам на неколку работи на средбата. Се надевам дека ќе им помогнеме. Се обидов да кажам некои работи на состанокот, ќе споделам некои од со вас. Никој нас не не слуша како Европејци, туку како гости, и тоа е навистина загрижувачки“, рече албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција со Ковачевски и Вучиќ. „Мишел ни рече имаме 3 минути, му реков дека може да бидат и 30 секунди ако го одржеа зборот, но тие не го одржаа. Се чуствував лошо, бидејќи се уште не…

Read More

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што траеше повеќе од три часа, заврши во Брисел без заедничка изјава и без прес-конференција. Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека закажаната конференција е одложена поради недостиг на време бидејќи состанокот траел подолго од планираното, а заедничката декларација не била ни закажана. И покрај недостатокот на какви било резултати, придружбата на Мишел вели дека „средбата поминала добро“, јавија западни медиуми. Лидерите на 27-те земји-членки ќе го започнат својот редовен самит подоцна попладне и се очекува да дадат зелено светло за кандидатски статус за Украина и на Молдавија. Со тоа, двете држави ќе ги…

Read More

„Што се однесува до францускиот предлог му заблагодарувам на претседателот Макрон за неговата посветеност и напорите да се најде решение но предлогот во сегашната форма не е прифатлив за мене, за Владата, претседателот на државата, за другите институции како и за сите граѓани во Република Северна Македонија“, изјави пред малку во Брисел македонскиот премиер Димитар Ковачевски на прес конференцијата по состанокот ЕУ – Западен Балкан. Премиерот сепак остави простор предлогот да се доработи до крајот на француското претседателство, според македонските предлози. Тој уште еднаш ги повтори црвените линии кои вчера ги објави на Фејсбук, чиста формулација за македонскиот јазик, јасна…

Read More

По Грција, која стоеше на патот со години, потоа Франција, која и се спротивстави, Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, а во исто време и Албанија е колатерална жртва. Падот на бугарската влада вечерта на 22 јуни, ден пред балканскиот самит во Брисел дополнително го компромитира деблокирањето на ситуацијата, анализира Мари Вердие новинарката на париски „Ла Кроа“, пренесува дописникот на МИА. Заканата за бојкот сè уште лебдеше ден пред самитот за Западен Балкан од главните заинтересирани страни. Премиерите на Албанија Еди Рама и на Северна Македонија Димитар Ковачевски, придружувани од претседателот на Србија…

Read More

Селаните побрзаа да ги закопаат мртвите и со голи раце копаа низ урнатините на нивните домови во потрага по преживеани од силниот земјотрес во источен Авганистан, во кој загинаа најмалку 1.000 луѓе. Талибанците и меѓународната заедница  се мачат да им помогнат на жртвите од катастрофата. Под оловното небо во провинцијата Пактика, која беше епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала во средата, мажи ископаа гробници во едно село, додека се обидуваа брзо да ги положат мртвите да почиваат според муслиманската традиција. Во еден двор лежеа тела завиткани во пластика за да се заштитат од дождовите што…

Read More

Не сум го прочитал францускиот предлог и не знам што содржи, но се што беше објавено за работата на Комисијата и содржината на текстовите кои се усвоени за заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно, изјави копретседавачот во заедничката Македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, во врска со францускиот предлог и билатералниот протокол во кој наводно се бара измени на историски личности од наша страна во учебниците. „Апсолутно не е точно она што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата Комисија за заедничко честување на цар Самоил. Исто така,…

Read More

Македонскиот тим во експертската комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања: „Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Северна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба…

Read More