Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е далеку од ЕУ, барем според затворите  – во Идризово 16 затвореници спијат на осум кревети, инсекти насекаде

0
By Соња Крамарска on June 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 12:27

Веќе со години наназад состојбата во „Идризово“ е повеќе од загрижувачка и под сите минимални стандарди. При увидот констатиравме дека се сместуваат и по 16 лица во една просторија. Во 16 метри квадратни, со 8 кревети, имаше 16 осудени лица. Во друга просторија од 19 квадрати имаше 12 лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од 9 лица. Хигиената е лоша, има лебарки, бубашваби, тафтаби, нема можност за одржување на лична хигиена. Ова влијае и за тензичната атмосфера и затоа често има тепачки. Во однос на материјалните услови загрижувачка е и состојбата во затворот во Шутка, простории во исклучително лоша состојба, а за кои веќе е укажано дека треба да се затворени. Полни се со влага, мувла со несоодветни кревети и душеци, расипани чешми.

Ова го обелодени Народниот правобранител Насер Зибери кој го презентираше Извештајот-Национален превентивен механизам за 2021 година во кој се прикажани состојбите во полициските станици, затворите и психијатриските установи.

Затворската полиција не успева да спречи ниту тепачки, а народниот правобранител добил информации дека службеници се вклучени во коруптивни дејствија, како и дека затвореници плаќаат за да бидат префрлени во институции со подобри услови, вели Зибери и додава дека посебен проблем е несоодветното однесување и деградирачкиот третман од вработените кон затворениците, а во три казнено-поправни установи Народниот правобранител добил информации дека затворениците биле заплашувани со физичко малтретирање.

„Во затворот Скопје се користат простории кои се лоши, а кои Националниот превентивен механизам и минатата година укажа дека треба да бидат затворени и да не се користат. Притворениците се сместени во простории во простории со мувла по ѕидовите, каде има стар инвентар, ниско ниво на хигиена, со расипани чешми. Притворениците се жалат на пристапот до вода, кој не е решен. Затворениците складираат вода во пластични шишиња“, додава Зибери.

Само во затворот Тетово инфраструктурата е подобрена. Но и тука има проблем, а тоа е изведувањето на воспитно-образовниот процес, смета Народниот правобранител.

Посебен проблем е несоодветното однесување од вработените. Поплаки во овој дел има од повеќе казнено-поправни установи. Голем број од осудените лица се плашат да ги изнесат забелешките јавно. Безбедноста и сигурноста на затворените лица исто така е на ниско ниво, нема доволно број на затворски чувари и недостигот на персонал е секаде ист. Нехуман начин на постапување со осудените лица е и користењето на кожни ремени, лисици“, додаде Зибери. Дури 58 отсто од децата во поправниот дом се на психијатриска дијагноза, проблемот е дотолку поголем што децата се прегледуваат од установи надвор од домот, во присуство на затворска полиција што го ограничува чувството на доверба на овие штитеници со психијатар. Во останатите казнено поправни установи е увидено дека се преземени активности за подобрување на инфраструктурата. Но за жал, поради невнимателно користење на истите во затворот во Струмица и КП домот во Штип, просториите се руинирани. Како посебен проблем се појавува и прашањето на условите во кои се сместени лицата, здравствената заштита, процесот на ресоцијализација и воспитниот процес кај малолетните лица. Прекубројноста посебно е изразен во КП Идризово, Штип, Прилеп, затворот Скопје, Битола, Прилеп“, констатира Народниот правобранител. (Р.Н.)

 

 

Затвор Идризово Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.