Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршителите и натаму како богови, ја развлекуваат наплатата на побарувањата за да ќарат високи камати  

0
By Соња Крамарска on June 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 11:35

И покрај измените на Законот за извршување и Тарифата за награда за работата на извршителите со кои беше предвидено нивно намалување, овие износи и натаму се високи. Треба да се истакне дека продолжува праксата на некои извршители и за намерно зголемување на трошоците на извршување и каматите, со непреземање извршни дејства за наплата на побарувањата, по издавање на налозите за извршување, констатира Народниот правобранител во најновиот извештај.

Се наведува дека има случаи кога извршните дејствија за наплата на побарувањата се преземаат дури и неколку години по издавање на налогот за извршувања, така што за тој период се зголемуваат и каматите и трошоците за извршување, што води до дополнителнопарично оптоварување за должникот во постапката.

Работите се толку усложнети што Народниот правобранител ги советува жртвите да тужат.

„Во овие случаи, на подносителите им е укажано дека заштита на нивните права, покрај до Народниот правобранител треба да побараат и пред надлежните судови. Ова, со оглед на тоа што работата на извршителите е подложна на контрола од нивна страна, на начин и во постапка определена во соодветните одредби од Законот за извршувањето и единствено судот ги утврдува сторените незаконитости и ги става вон сила преземените извршни дејствија или пак, го утврдува пропуштањето за преземање на определено законско дејствие“.

За работата на извршителите до Народниот правобранител во 2021 година, инаку се поднесени 149 претставки. Иако бројката е нешто помала од претходната година кога беа поднесени 195 поплаки, причините поради кои се жалат граѓаните и натаму се исти: неправилност во постапките, неуредна достава, висина на наградите и на извршните трошоци и пресметани камати за задоцнета исплата на долговите.

Од вкупниот број поднесени претставки, 99 се однесуваа на наводи за неправилности во постапките на извршување во кои граѓаните побараа интервенција во однос на неуредната достава, висината на наградите, извршните трошоци и пресметаните камати за задоцнета исплата на долговите, како и барања за наплата на долговите со други средства на извршување. Натаму, 22 претставки се однесуваа на барања за одблокирање на трансакциски сметки, во 10 случаи побарана е помош поради неприменување на предвидените ограничување на извршување, а останатите претставки се однесуваа на одолжување на постапките на извршување.

Законот за извршување во минатите години беше неколку пати менуван со цел да се намалат огромните камати и награда за работата на извршителите, кои беа причина граѓаните должници да плаќаат неколкукратно поголеми суми од долгот. Со новите измени на законот беше проширена и допрецизирана листата на лица и примањата кои се изземени од извршување, како што се, лицата приматели на просечна плата и пензија, а за кои максималната вредност на задржувањето се намали на 1/5 од нивната плата или пензија.

Воедно, со измените на Законот за извршување се предвидоа низа олеснувања во однос на деблокирањето на трансакциските сметки на лицата-должници кои остваруваат средства што се изземени од извршување, односно чие извршување е ограничено, како и измени во делот на висината на наградите и надоместоците за работата на извршителите.

Но, се покажа дека и граѓаните во обид да се спасат од високи плаќања прибегнуваат кон трикови кои подоцна ги чинат многу пари. Тие на пример не реагираат кога ќе им се достави налогот за извршување, туку бараат интервенција откако ќе им бидат блокирани трансакциската сметка и откако ќе измине рокот за поднесување приговор до надлежниот суд. (Р.Н.)

.

Извештај извршители Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.