Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоргиев: Се што беше објавено за работата на Комисијата и заедничко чествување на цар Самoил е апсолутно неточно

0
By Соња Крамарска on June 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 13:06

Не сум го прочитал францускиот предлог и не знам што содржи, но се што беше објавено за работата на Комисијата и содржината на текстовите кои се усвоени за заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно, изјави копретседавачот во заедничката Македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, во врска со францускиот предлог и билатералниот протокол во кој наводно се бара измени на историски личности од наша страна во учебниците.

„Апсолутно не е точно она што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата Комисија за заедничко честување на цар Самоил. Исто така, Комисијата никогаш не усогласувала текстови за да бидат тие ставени на различни спомен обележја, споменици или тврдини. Комисијата усвојува заеднички текстови за заедничко чествување на одредени личности и тие личности се познати и веќе два текста од нив се објавени во јавноста и тоа е она што го има направено Комисијата“, рече Ѓоргиев.

Тој напомена дека Комисијата ниту дава дозвола да бидат тие објавени на различни спомен обележја, ниту е тоа работата на Комисијата. Како што рече, текстовите на комисијата се за заедничко чествување а не за спомен обележја.

„Постои текст за заедничко чествување на цар Самоил кој е усвоен во 2019 година и вчера или завчера веќе беше објавен во дел од медиумите, а пред неколку месеци на една од средбите усвоен е и предлог препорака до владите како таа држава да биде претставена во учебниците по историја. Тие два текста немаат апсолутно ништо заедничко со она што е за жал објавено во некои медиуми и се пренесени во наши медиуми, без и малку критички да бидат анализирани“, додаде Ѓоргиев.

Тој уште еднаш повтори дека работата на историската комисија не може да биде дел од процесот на политичките преговори. Тоа, како што рече, мора да биде паралелен процес и нема да биде органичен со рокови ниту врзуван со одредни императиви.

Маја Ангеловска Панова од Институтот за национална историја изјави дека самото прифаќање на францускиот предлог ќе претставува проблем, затоа што тоа ќе значи ревидирање на официјалната македонска историографија.

„Несомнено дека ова е преседан. Вакво нешто не постои во современите светски историографии на наметнување на нечиј наратив врз друг наратив, така што моето мислење е дека ова е едно агресивно однесување што не соодветствува со европските вредности, најмалку со вредностите што се применуваат во научно истражувачката работа“, смета Панова.

Според историчарката, сега не можеме да зборуваме за импликациите за овој предлог, но истиот ќе има последици доколку се прифати, затоа што ќе значи комплетен ревизионизам и усогласување на ставовите онака како што тоа го налага бугарската историографија. Тоа, како што додаде, е недозволиво. (МИА)

Ѓоргиев историска комисија со Бугарија Цар Самоил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.