Author: Соња Крамарска

Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering (АBЕЕ)“ ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Вкупната инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места. Договорот за  реализација на инвестицијата денеска во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор, АБЕЕ, Нешин Омар. На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и министерот за економија, Крешник Бектеши. Министерот за економија Крешник Бектеши му честиташе на менаџментот на ТИРЗ за успешно завршена работа во делот на привлекување на нови инвестиции. „Она…

Read More

Грчките левичарски партии СИРИЗА и МЕРА 25 се големите губитници на вчерашните избори, со намален број гласови во споредба со последните избори пред четири години, додека пак останатите партии Нова демократија, ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија и Грчко решение се со зголемена поддршка од граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се направи анализа на официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција и се споредат со оние од парламентарните избори во 2019 година, СИРИЗА изгубила 598.503 гласа, а Нова демократија добила 152.300 повеќе, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, со пребројани 99,7 отсто од гласовите,…

Read More

„Се наоѓаме во многу специјален момент од историјата кога процесот на проширување е поставен како врвен приоритет на агендата на ЕУ, што значи дека работите може да се развиваат многу брзо. Земјава може да ја зграпчи таа можност, тој моментум за да може да се придвижи напред, а следниот чекор којшто треба да се направи е измена на Уставот“, изјави денеска шефот на делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир. „Всушност, веќе имаме отворено пристапни преговори, начин којшто е навистина отворен и многу јасен пат пред вас. Исто така, од друга страна за да може да се комплетира целиот овој…

Read More

Володимир Зеленски порача дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничка група Вагнер поддржана од Москва објави дека ја презеде контролата. Украинскиот претседател зборуваше за време на посетата на Хирошима, Јапонија, на самитот на Г7. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно ја забележа победата во Бахмут. Но, украински воени извори изјавија за Би-Би-Си дека сè уште имаат контрола врз неколку згради на периферијата на градот. На прес-конференцијата на последниот ден од самитот, Зеленски одби да даде прецизни детали. Но, тој рече дека градот, каде што се водела најдолгата и најкрвавата битка во војната од август, „не бил окупиран“ од…

Read More

„Добро е што земјите од Г-7 конечно решија да и достават на Украина борбени авиони Ф-16. Веќе започна обуката на пилотите“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Се надевам дека наскоро ќе почнат испораките на борбени авиони за Киев, додаде тој, јави БТА. Борел најави дека на денешната средба ќе се разговара за предлози за нови санкции против Русија поради нападот на Украина. Според него, не само Унгарија има забелешки, но единствен начин да се постигне договор е преку разговори. „Прашањето…

Read More

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42-рото издание на Малиот Битолски Монмартр. Оваа година организацијата бележи големи успеси на своите манифестации како и значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележи 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола а со церемонија на Свечено отворање ќе започнат 2-те најстари и најголеми светски детски манифестации. Ќе се отвори светската детска ликовна изложба „Битола“ која…

Read More

Легендата на ромската музика, познатиот музичар саксофонист Ферус Мустафов (73), по кратко боледување, починал синоќа во ГОБ „8 Септември“. Тој беше хоспитализиран во болницата по мозочниот удар на крајот на април. Неговите пријатели и почитувачи веќе се простуваат од музичката легенда на социјалните мрежи. Ферус Мустафов е роден во Штип во 1950 година, во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17- годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Ја напушта академијата откако на покана од бенд предводен од Тома Чрчев, оди на турнеја, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од…

Read More

Инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во две посебни истраги спроведени на 18 и 19.5.2023 година, запленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун во вкупна вредност од 1.200.000 денари. Со ова е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 970.000 денари. Во првиот случај се запленети пури од марката „Cohiba“ и „Trinidad“ коишто беа откриени при контрола на автобус во сопственост на бугарска компанија кој сообраќал на редовна линија Софија – Скопје – Софија, на влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Пурите се пронајдени…

Read More

Актуелниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кому денеска му завршува мандатот, изјави дека не се повлекува од политиката и дека животот го посветил на европскиот развој на Црна Гора. Ѓукановиќ на годишната прес-конференција во Цетиње, на која завршува мандатот на претседателот, рече дека животот го посветил на развојот на ЕУ во Црна Гора и дека како одговорен граѓанин во тој капацитет ќе ја поддржи таа политика, пренесе Радиотелевизија Црна Гора. Сè што и треба на таа политика, на таа кампања ќе има од мене“, рече Ѓукановиќ. Тој изјави дека верува оти на изборите на 11 јуни партиите кои се…

Read More

„ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица. Многу брзо ќе треба да одлучат дали ќе го фатат последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок кој неминовно оди и носи одлуки за приклучување на Северна Македонија во ЕУ“, изјави денеска Ковачевски по средбата со коалициските партнери. И Ексобар упати јасна порака, вели Ковачевски. „Опозицијата не треба да ми даде на мене поддршка. Треба да ја поддржи европската иднина на нашите граѓани, а нашите граѓани сакат да живеат во ЕУ ама да живеат тука – дома во Северна…

Read More

Кан, филмскиот свет, но и целата планета, која ја носи во срцето „седмата уметност“, синоќа нетрпеливо го чекаа качувањето по црвениот тепих на легендата Харисон Форд (80), пред светската премиера на петтата сага за познатиот археолог во филмот без конкуренција „Индијана Џонс и артефактот на судбината“. „На секоја слика сум јас, но помлад. Имаат библиотека со мои снимки. Благодарение на вештачката интелигенција, тие можеа да изберат совршена слика или поглед при снимањето на најновиот филм. Но, сцените јас ги играв. Тоа беше извонреден начин на снимање. Презадоволен сум од резултатот, кој го сметам за многу автентичен“, изјави Форд. Познатиот американски…

Read More

Амбасадата на Словенија и Земјоделскиот институт-Скопје, во соработка со општина Гази Баба и ФАО, денеска го одбележаа Светскиот ден на пчелите. Настанот, кој се одржа во Земјоделскиот институт, имаше за цел да ја подигне свеста на учениците за виталната улога на пчелите во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата. Две жени, пчелар и ентомолог, им покажаa на децата од основните училишта во општина Гази Баба како функционира еден семеен бизнис кој произведува природен мед. Тие, исто така, им ги објаснија разликите помеѓу пчелите и другите опрашувачи, придобивките од опрашувачите и што се подразбира…

Read More