Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре започнува 42-рото издание на Мал Битолски Монмартр

0
By Соња Крамарска on May 22, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 22, 2023 11:34

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42-рото издание на Малиот Битолски Монмартр.
Оваа година организацијата бележи големи успеси на своите манифестации како и
значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележи 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола а со церемонија на Свечено отворање ќе започнат 2-те најстари и најголеми светски детски манифестации.
Ќе се отвори светската детска ликовна изложба „Битола“ која годинава ќе го има своето 41-во издание како и 42-рото издание на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.
2О делегации со над 120 учесници веќе пристигаат во Битола. Учесници има од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и секако од домаќинот Северна Македонија.
Голем број дипломатско конзуларни претставници веќе го најавија своето присуство во името на своите земји. Еминентни професори од Португалија, Русија и Романија се составот на тричлената интернационална жири комисија која ќе доделува по 4 награди на денот и на крајот од манифестацијата ќе ги додели наградите за најдобро школо, најдобар ученик и 12 поединечни награди за креативен и уникатен уметнички пристап.
Учесниците имаат обемна програма. Оваа година за прв пат за време на колонијата која трае од 23 –30 мај 2О23 година ќе се отворат 2 изложби на ликовни дела од Малиот Битолски Монмартр низ годините и тоа во генералниот конзулат на Грција во Битола и генералниот конзулат на Бугарија во Битола. Пет колониски дена ќе се слика староградска и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалната посета на Охрид како и на 1000 годишниот манастир Свети Јован Бигорски.
Колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој за 2О23 година
пристигнаа околу 44.ООО детски ликовни дела од над 65О државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 4О.ООО млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Мал Битолски Монмартр програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.