Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување на Светскиот ден на пчелата 2023: Сите зависиме од опстанокот на пчелите

0
By Соња Крамарска on May 19, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 19, 2023 14:40

Амбасадата на Словенија и Земјоделскиот институт-Скопје, во соработка со општина Гази Баба и ФАО, денеска го одбележаа Светскиот ден на пчелите. Настанот, кој се одржа во Земјоделскиот институт, имаше за цел да ја подигне свеста на учениците за виталната улога на пчелите во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата.

Две жени, пчелар и ентомолог, им покажаa на децата од основните училишта во општина Гази Баба како функционира еден семеен бизнис кој произведува
природен мед. Тие, исто така, им ги објаснија разликите помеѓу пчелите и другите опрашувачи, придобивките од опрашувачите и што се подразбира под здрави живеалишта на опрашувачите. Преку дегустација на мед, децата научија за различните видови мед произведени од различни видови пчели.

Дополнително, учениците ги изразија своите новооткриени сознанија за важноста на пчелите преку ликовна активност на оваа тема. Настанот заврши со
посета на пчеларникот на Земјоделскиот институт, донација од Република Словенија.
„Чест ми е да ве поздравам сите во нашиот Институт како домаќин на оваа специјална прослава на Светскиот ден на пчелата. Денеска се собираме да ја препознаеме непроценливата улога што пчелите ја играат во нашиот екосистем и
да ја истакнеме критичната важност на нивната благосостојба за нашите земјоделски системи“, изјави Виктор Ѓамовски, директорот на Земјоделскиот институт – Скопје.

„Пчелите, тие мали, но прекрасни суштества, неуморно ги опрашуваат нашите култури, овозможувајќи раст на овошје, зеленчук и безброј други извори на храна кои нè одржуваат. Тие се неопеани херои на нашите полиња и овоштарници, кои тивко ја работат својата магија за да обезбедат нашите чинии да се наполнат и нашите заедници да напредуваат“, потенцираше Ѓамовски.
„Пчелите и другите опрашувачи се клучни за глобалната безбедност на храната. Секоја трета лажица што ја јадеме зависи токму од нив“, рече в.д. амбасадорката на Словенија, Татјана Ковачич.
„Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата е можност за глобална соработка, соработка меѓу нашите две пријателски земји и солидарност за заштита на пчелите“, рече таа, поздравувајќи ги младите и поканувајќи ги да уживаат во овогодинешниот Светски ден на пчелата во Скопје.
„Опрашувачите како пчелите, птиците и лилјаците придонесуваат за 35 отсто од вкупното светско растително производство, опрашувајќи 87 од 115 водечки прехранбени култури ширум светот“, рече Кристина Митиќ Арсова,
национален тим лидер на ФАО.

Сепак, пчелите и многу други опрашувачи се намалуваат. Интензивното земјоделско производство и прекумерната употреба на пестициди претставуваат сериозна закана за пчелите и другите опрашувачи, го намалуваат нивниот пристап до храна, ги изложуваат на штетни хемикалии, го ослабуваат нивниот
имунолошки систем и негативно влијаат на биодиверзитетот.

„Светскиот ден на пчелите е можност за сите нас да промовираме акции кои ги штитат опрашувачите и нивните живеалишта. Дури и одгледувањето цвеќиња дома за да се хранат пчелите придонесува за овој напор“, додаде таа.

Словенија, заедно со ФАО, беше клучна во воспоставувањето на Светскиот ден на пчелата како меѓународен ден преку резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена во 2017 година. Официјалната церемонија за првиот Светски ден на пчелата се одржа во 2018 година во словенечкото село Брезница, родното место на Антон Јанша, пчелар и пионер на модерното пчеларство.

Во пресрет на Светскиот ден на пчелите, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) ги повика државите и поединците да направат повеќе напори за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи со цел да се заштитат екосистемите и да се обезбеди сигурност на храната.
Пчелите се под голема закана од повеќе фактори, како климатските промени, интензивното земјоделство, употребата на пестициди, губењето на биолошката разновидност и загадувањето.

Земјоделски институт Скопје одбележување Светски ден на пчелата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.