Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последниот Индијана Џонс на Харисон Форд: Голем интерес во Кан за петтиот филм од култната серија

0
By Соња Крамарска on May 19, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 19, 2023 15:18

Кан, филмскиот свет, но и целата планета, која ја носи во срцето „седмата уметност“, синоќа нетрпеливо го чекаа качувањето по црвениот тепих на легендата Харисон Форд (80), пред светската премиера на петтата сага за познатиот археолог во филмот без конкуренција „Индијана Џонс и артефактот на судбината“.

„На секоја слика сум јас, но помлад. Имаат библиотека со мои снимки. Благодарение на вештачката интелигенција, тие можеа да изберат совршена слика или поглед при снимањето на најновиот филм. Но, сцените јас ги играв. Тоа беше извонреден начин на снимање. Презадоволен сум од резултатот, кој го сметам за многу автентичен“, изјави Форд.

Познатиот американски актер веќе се изјасни дека повеќе нема да го снима Индијана Џонс.

„Дури кога завршивме со снимањето сфатив дека ова е мојот последен Индијана Џонс. Беше вистинско задоволство. Не само затоа што беше последен, туку и затоа што сценариото беше добро, со одличен кастинг. Беше многу работа, но задоволен сум што успеав повторно да го доловам тој лик“, заклучи тој пред светската премиера.

Дејствието на филмот се случува кон крајот на шеесеттите, за време на Студената војна. Индијана Џонс тргнува во потрага по објект што може да го промени текот на историјата, загрижен дека американската влада регрутирала поранешни нацисти со цел да го порази Советскиот Сојуз во освојувањето на вселената.

Заедно со Харисон Форд, во филмот играат Фиби Волер Бриџ, Мадс Микелсен, Џон Рис Дејвис, Антонио Бандерас… Снимањето започна во јуни 2021 година, се одвиваше на различни локации во Велика Британија, Италија и Мароко, а заврши во февруари 2022 година. Продуцентите се „Walt Disney Pictures“ и „Lucas Film“, а дистрибутер е „Disney Studio Motion Pictures“. Со проценет буџет од близу 300 милиони долари, тој е еден од најскапите филмови некогаш снимени.

Првиот филм од оваа серија е снимен во 1981 година, а ликот на Индијана Џонс го создадоа Стивен Спилберг и Џорџ Лукас. Новите епизоди се снимени во 1984, 1989 и 2008 година. „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ е првиот филм од серијата што не е режиран од Стивен Спилберг, а не е напишан од Џорџ Лукас, кои овојпат се извршни продуценти. Во Америка ќе се прикажува за неколку дена, на 30 мај.

Инаку, проекцијата на новиот филм на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар (73) предизвика големо внимание во средата во Кан. Станува збор за филм со средна должина (31 минута) на англиски јазик прикажан вон конкуренција под наслов „Strange Way of Life“ со заплет кој се одвива околу хомосексуален каубој.

Индијана Џонс КАН Харисон Форд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.